Режисер: Огнен Шапковски
Продуцент: Богдан Јончевски
Сценарист: Огнен Неделковски
Директор на фотографија: Кристијан Теодоров
Во секој од нас спие по еден Фауст. Задача на Ѓаволот (олицетворен преку Луси) е да го разбуди и да го внесе каде што му е местото. Во светот на злото. Таа тоа го прави веќе дваесет и еден век. А Стариот будала постојано се обложува со неа. И губи. Краток филм за Луси, која има договор со музичарот Иван да му овозможи да ја почувствува љубовта, да биде со жената која силно ја сака и ја посакува и да компонира своја песна инспириран од неа… Но, за возврат Луси бара Иван да ѝ ја продаде својата душа и да ја уништи неговата сакана Наташа. Филм за злото, за Фаустовскиот синдром, за музиката, за инспирацијата, за Ѓаволот, кој постојано регрутира свои нови жртви и ги откупува нивните души. Филм за неможноста на убавината и љубовта да го победат злото и да го доносат плодот на добрината.
МК | Пред продукција | Фантазија, Драма | Продукција Citystar Production