ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ПРОДУЦЕНТИ/АВТОРИ НА ДОКУМЕНТАРНИ ФИЛМОВИ

МакеКоПроДокс Форум 2020

Датуми: 5, 6, 21, 24, 25 август и 21 септември

Локација: онлајн

Модератори:

  • Бриџид О’Шеа (Европско здружение за документаристика и директорка на ДОК Индустри- ДОК Лајпциг)
  • Хеле Хансен (Комисија за филмска документаристика- Норвешки филмски институт, Норвешка)

МакеКоПроДокс Форумот е форум чија главна цел е развој на стратешки план за зголемување на копродукциите на документарните филмови меѓу балканските земји. Форумот вклучува претставници од 12 регионални филмски агенции, 3 скандинавски филмски агенции и 10 проекти кои се во завршната фаза на продукција.

Во пресрет на економската криза, културниот сектор и филмската индустрија се најчесто најпогодени од кратењето на буџетот. Само доколку се делува солидарно преку зголемување на регионалните копродукции ќе се овозможи поголем број на финансирани проекти на Балканот во склоп на редуцираните фондови.

Првиот форум за копродукција на документарни филмови се оддржа на 10-тото издание на Фестивалот за креативен документарен филм, МакеДокс.

Поради колебливоста во однос на владините мерки за ситуацијата со КОВИД-19, второто издание на МакеКоПроДокс форумот ќе се одржи онлајн.

Форумот е организиран од: МакеДокс, Филмска агенција на Северна Македонија и Креативна Европа МЕДИА Деск МК

Цел:

Ќе ги вклучиме клучните карактеристики на индустријата за документарни филмови ширум светот, како и можните начини за соработка и ќе се обидеме да овозможиме далекусежна соработка меѓу фондовите во регионот. Нашата цел со овој проект е, за прв пат, да воспоставиме нов здружен сектор на Балканот како единствен начин да се амортизираат последиците од кризата. За време на онлајн сесиите ќе ги претставиме проблемите со кои регионалните земји редовно се соочуваат поради кризата и ќе се обидеме да изнајдеме возможни начини за надминување, потенцирајќи ги неконкретизираните регулативи поврзани со поддршка на развојот и продукцијата на документарните филмови.

Гости на форумот:

  • 12 претставници на филмски фондови од регионалните земји (С. Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Грција, Косово, Романија и Турција)
  • Претставници од скандинавските филмски фондови (Шведска, Данска, Норвешка)
  • Претставници на ТВ-емитувачи (Ејџ Би О Европа, Ал Џезира, Курент Тајм ТВ)
  • Претставници (филмски програмери) од FestDocsNetwork (ДокМинхен, Докс Барселона, ФипаДок, МакеДокс)
  • Дистрибутери на филмови од регионот
  • Локалните продуценти со цел да се олесни потрагата по локални продукции
  • Претставници на здруженија за документаристика

Mенторскиот дел ќе се состои од:

  • Пичинг работилница со Бриџид О’Шеа (6 август)
  • Пичинг сесии и еден на еден состаноци со учесниците (25 август)

Кој може да се пријави:

  • Продуценти/автори на документарни филмови со аудиовизуелни проекти кои се во последниот стадиум од продукција од Северна Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Грција, Бугарија, Косово, Романија и Турција.

Напомена: Дејствието и случувањата во филмот не мора да се случуваат во наведените земји.

Можно е да се аплицира со филмски проект со следниве барања:

  • Долгометражен филм
  • Во пост-продукција
  • Снимен или продуциран во регионот.

Краен рок за аплицирање: 27.07.2020

Аплицирајте на festival@makedox.mk со трејлер, доколку постои или пак селектирани сцени доколку филмот е во понапредна стаза на развивање (максимум 20 минути).

Селекцијата на испратени проекти ќе биде разгледана и оценета од страна на евалуациона комисија, кој ќе ги зима во предвид сите потребни барања. Резулататите од евалуацијата ќе бидат испратени по меил.