ПОЗИТИВНИ ФИЛМСКИ ВЕСТИ ВО ВРЕМЕ НА КОВИД-19

Во изминатиов период, покрај пандемијата од Ковид-19 сведочиме за големи успеси на македонската кинематографија во светски рамки. 🎬🎥🌎

📢📢📢Македонскиот филм “Налепница” излезе како апсолутен победник на Фестивалот на краткометражен филм во Италија. На Апулија филм фестивал, црната комедија на Георги Унковски ги освои наградите: Најдобар филм, Најдобра режија, Најдобро сценарио (Георги Унковски /Georgi Munko), Најдобар актер (Сашко Коцев), Најдобра монтажа (Мартин Иванов), како и Наградата од публиката.

📢📢📢“Налепница” наскоро ќе почне да се прикажува и на светски познатата ТВ платформа HBO, која ги откупи правата за емитување . 👏👏👏

👇👇

📢📢📢 Филмот “Врба” во режија на Милчо Манчевски се прикажа на неколку реномирани филмски фестивали. Следат филмскиот фестивал во Пекинг, Кина и Синеквест во САД. А понатаму и: Филмскиот фестивал во Сараево, Интернационалниот филмски фестивал во Романија – Трансилванија, Филмсиот фестивал во Москва, Хамбург и Фестивалот Мостра де Валенсија, Шпанија.

📢📢📢Филмсото списание “Варајети” даде осврт на филмот “Врба”, а целата статија можете да ја прочитате тука: https://variety.com/…/film/reviews/willow-review-1234740436/

👇👇👇

📢📢📢 „Господа од Современа“ на младата македонска режисерка Ана Алексовска освои Гран-при награда при FEEK-Short Film Festival во Љубљана, Словенија. Според жирито, „Господа од Соврмена“ е филм кој ни покажува дека културата не само што го храни нашиот дух, туку во случај на некои, го храни и нивното тело.

👇👇👇👇

📢📢📢На актуелното 11-то по ред Издание на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ / MakeDox свои проекции имаат филмовите „Сите ќе умреме“ во режија на Сашко Потер Мицевски / Sashko Potter Micevski и „Професорот“ во режија на Јордан Дуков, кои се исто така финансиски се поддржани од Агенцијата за филм на Р. Северна Македонија / North Macedonia Film Agency.

#новфилмскибран
#мкдфилм