„НАЛЕПНИЦА“ СО УШТЕ ЕДНА НАГРАДА ВО ТРКАТА ЗА НОМИНАЦИЈА ЗА ОСКАР

„Налепница“ во режија на Георги М.Унковски ја доби наградата за најдобар краток игран филм на 51. Филмски фестивал во Нешвил, САД.

Оваа награда која ја доделува еден од најстарите филмски фестивали во САД е воедно и втора награда што на „Налепница“ му носи квалификација во трката за номинација за престижниот Оскар.

Краткиот филм на Унковски веќе се квалификува за влез во трката за Оскар по победата на бугарскиот филмски фестивал „Ин д палас“.

 По светската премиера на реномираниот „Санденс“ , „Налепница“ во период од 9 месеци играл во официјалната конкуренција на 135 фестивали, освоил 20 награди и имал дистибуција на „Топик“, „Канал+Шпанија“ и „Ејч-Би-О Европа“.

„Налепница“, кој е црна комедија во продукција на „Cinema Futura“ е поддржан од Агенцијата за филм на Р.Северна Македонија и е дел од реформираниот филмски нов бран.