ПОЧНА СНИМАЊЕТО НА ФИЛМОТ „ДЕНОТ НА ЖЕНАТА“

Во Скопје започна снимањето на филмот „Денот на жената“ во режија на Гоце Цветановски.

Покрај главниот град, филмот ќе се снима и на неколку локации во Куманово, а неговото снимање се планира да заврши до крајот на октомври.

Во фокусот на овој крими трилер е трговијата со жени и присилната проституција. Пораката која ја донесува филмската приказна на Цветановски е оптимистичка, дека правдата е посилна од неправдата.

Главната женска улога и е доделена на Слаѓана Вујошевиќ, а главните машки улоги ги толкуваат Муса Исаифи и Исмаил Касуми. Во останатите улоги се појавуваа катерина Коцевска, Егзона Салиху и бугарската актерка  Елени Декидис.

Директор на фотографијата е Фејми Даут.

 „Денот на жената“ е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Р.Северна Македонија.