„ВРБА“ Е МАКЕДОНСКИ КАНДИДАТ ЗА „ОСКАР“

„Врба“ на  Милчо Манчевски е македонски кандидат за Оскар за странски филм, соопшти Друштвото на филмските работници на Македонија .

Од ДФРМ велат дека во конкуренција за кандидатурата биле и филмовите: „Ефектот на среќата“ на Борјан Зафировски, „Исчезнатиот“ на Арбен Тачи, „Кеиф“ на Блаже Дулев и „Незо“ на Мерита Чочоли, а одлучувала Комисија во состав: Игор Иванов – режисер и претседател на Комисијата, Дејан Лилиќ – актер, Тамара Котевска – режисер, Самир Љума – кинематографер, Мартин Иванов – монтажер, Иван Ѓоршев – мајстор на светло и Сања Арсовска – актерка.

„За една година од светската премиера на Римскиот филмски фестивал, ‘Врба’ освои вкупно 5 награди, постигна рекорди во кино и тв прикажувањето дома, доби одлични критики во светските медиуми, над 20 фестивали на четири континенти, а филмот го продолжува фестивалскиот поход со несмалено темпо што времено беше запрено заради Ковид-19 пандемијата“, велат од продукцијата.

„Врба“ досега има освоено вкупно 5 меѓународни награди (Сребрена палма во Валенција, Шпанија и наградата за Најдобар филм на фестивалот Синеквест во САД) , а Манчевски неодамна беше награден за Најдобар режисер на Рејнденс во Лондон.

 Неговиот филм „Пред дождот“ во 1995  ѝ ја донесе на Македонија првата номинација за Оскар за најдобар странски филм, а македонски кандидати биле и неговите  филмови „Сенки“ и „Мајки“.

Деведесет и третото доделување на Оскарите, заради пандемијата на Ковид-19, ќе се одржина 25 април 2021 во Лос Анџелес.

 Номинациите за ќе бидат објавени на 15 март.