КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС ВО ФИЛМСКАТА ДЕЈНОСТ ЗА 2021 ГОДИНА

I. Општи информации

 

Конкурсот се распишува за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност и тоа:

 

  • за поддршка на стручно и професионално усовршување на кадри од областа на филмот;
  • за поддршка на членство на Република Северна Македонија во меѓународни филмски организации.

Конкурсот е наменет за кадри од областа на филмот – физички лица кои се имаат стекнато со високо образование од областа на филмската дејност и кои се државјани на Република Северна Македонија, и за поддршка на проекти за членство на Република Северна Македонија во меѓунардони филмски организации и асоцијации.

Право на поддршка на стручното и професионално усовршување на кадри од областа на филмот имаат физички лица кои во моментот на конкурирање работат и/или имаат искуство во работа на проекти кои се на тема која е тесно поврзана со програмата за едукација за која се побарува поддршка за присуство.

Право на поддршка на членство на Република Северна Македонија во меѓународни филмски организации имаат правни лица како и непрофитни организации, задруженија на граѓани кои се регистрирани за вршење на дејност во областа на филмската дејност, регистрирани во Централен регистар на Република Северна Македонија.

II. Рок за достава на Пријави и донесување на Одлуки по Конкурс

 

–  Конкурсот е отворен и трае во текот на цела година.

– За секое барање се одлучува поединчено со Одлука на Управен одбор во рок од 60 дена од денот на конкурирањето.

– Подносителите на барањата прифатени на Конкурсот по добивање на Одлуката, со директорот на Агенцијата за филм склучуваат договор за поддршката зависно од доставеното барање.

III. Начин на доставување на Пријави

Пријавувањето на филмските проекти се врши со доставување на пополнета Пријава со прилог документација која е наведена во Пријавата. Пријавата е составен дел од Конкурсот и е објавена на веб-локацијата на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. Пријавата треба да се превземе од веб-локацијата на Агенцијата за филм (www.filmagency.gov.mk ) да се пополни на македонски јазик електронски со впишување на податоци на означеното место и да се верификува.

За секој филмски проект се пополнува соодветна и одделна Пријава. Пријавата содржи во себе подетални информации за условите за учество на Конкурсот, критериумите и мерилата за финансирање како и информации за задолжителната документација која подносителот потребно е да ја достави со Пријавата како и други документи/материјали потребни за дообјаснување на филмскиот проект, за кои подносителот цени дека е потребно да ги достави.

Пријавата по Конкурс со потребната документација треба да се достават до Агенцијата за филм на Република Северна Македонија преку пошта на адреса: ул. „8 Март“бр.4 или во Архивата на Агенцијата. Апликантите се должни пријавата со прилог документацијата да ја достават најмалку 15 дена пред почеток на настанот.

VI. Дополнителни информации 

Дополнителни информации во врска со Конкурсот може да се добијат во Секторот за филмска дејност и меѓународна соработка на телефонскот број 02/3224-100

* Пријавa за финансирање на стручното и професионално усовршување на кадри во областа на филмот

* Пријавa за поддршка на членство на република северна македонија во меѓународни филмски организации