ПОБЕДНИКОТ НА САНДЕНС 2021 Е УЛИШТЕ, КОЈ Е ПОДДРЖАН ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ КАКО МАЛЦИНСКА КОПРОДУКЦИЈА

Четврта година по ред, на Санденс, (најголемиот фестивал за независен филм во САД), присутен е проект кој е финансиран од Агенцијата за филм на Р. С. Македонија.  Овој пат тоа е „Улиште“ во режија на Блерта Башоли (малцинска копродукција Косово, Македонија, Швајцарија и Албанија – продукција од Македонија Црна Мачка Продукција), поддржан од страна на Агенцијата за филм во 2018 година.

„Улиште“ ги освои најзначајните награди на Санденс и тоа награда за  Најдобар филм, Најдобра режија и Награда од публиката.

Малцинските копродукции стануваат клучен фактор за освојување на светската кинематографија токму преку вакви соработки кои се препознаени од националните агениции за филм.

 На најголемиот американски фестивал за независен филм Санденс во изминатите години бевме присутни преку филмовите: „Види ја ти неа“ на Горан Столевски, учество во 2018 година (наградата Најдобар интернационален игран филм во категоријата за краток филм), „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов (Големата награда на Жирито, Најдобар документарен филм и Награда за најдобра кинематографија), учество во 2019 година и краткометражниот филм „Налепница“ на Георги Унковкси, каде ја имаше својата светска премиера во 2020 година.

Агенцијата за филм им честита на главните продуценти на филмот, македонските копродуценти и целата екипа со надеж за успех и соработка на идни квалитетни проекти.