„Северен пол“ во официјална конкуранција

за краткометражен игран филм на Канскиот филмски фестивал

 

Краткометражниот игран филм „Северен пол” на Марија Апчевска-Петровска е селектиран во Официјалната селекција на 74. Кански филмски фестивал. „Северниот пол“ е меѓу десетте e селектирани филмови во конкуренција за наградата „Златна палма“ за најдобар краток филм од вкупно 3.739 пријавени.

Филмот е сниман во почетокот на оваа година на локации во Скопје и Македонска Каменица, а е во продукција на Кино Око и копродукција на Сервиа Филм (Србија). Главните улоги ги играат Антонија Белезелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Билјана Гргур, шминкер Горан Игњатовски, а тон снимател Игор Поповски.

Филмот е поддржан од страна на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

Официјално соопштение од Канскиот филмски фестивал: https://www.festival-cannes.com/en/infos-communiques/communique/articles/the-jury-and-the-selection-for-short-films-and-the-cinefondation-2021