АКТИВНИ КОНКУРСИ
What’s The Story? Croatia (2023)
Location: Zagreb, Croatia
Period: 06 – 10 November 2023
Tutors: TBA
Partner: Zagreb Film Festival
What’s The Story? Croatia is an intensive five-day short film development writing workshop – part of the new Talents Generator Factory initiative promoted by Talents and Short Film Market (TSFM).
The workshop will be realised in partnership with Zagreb Film Festival (ZFF), Talents and Short Film Market (TSFM), and the Croatian Audiovisual Centre. It will take place in Zagreb (Croatia) as part of the ZFF Industry program (6-10 Nov 2023) and will be led by two experienced TSFM experts. The workshop is aimed at development, networking and incresing the visibility of Croatian and regional filmmakers, primarily short film directors and screenwriters. The deadline for project submission is 1 September 2023.
During five festival days, the participants will develop their short films through theoretical and practical training under the guidance of two experienced professionals. The participants will learn how to get to the core of their project in order to understand it better and develop it more efficiently and fully. The workshop is led by two experienced tutors and will require active participation and a mindset open to collaboration from all participants. The work will be conducted both in class during the face-to-face hours and in between the meetings, with specific tasks and assignments to be accomplished for the following day. Special attention is paid to production, feasibility, artistic aspects and cultural contexts of the projects.
The workshop will conclude with a pitching session, and the two winning pitches will be invited to take part in another workshop happening during Talents and Short Film Market vol. 8 (27-30 Nov 2023) in Torino, Italy.
Who is it for?
What’s The Story? Croatia is open to up to nine selected filmmakers – film directors, screenwriters – who will work together in order to kickstart their respective storylines for an upcoming short film.
When is it scheduled?
What’s The Story? Croatia is scheduled to take place from 6 to 10 November 2023.
Where is it located?
What’s The Story? Croatia is scheduled to take place in Zagreb, Croatia.
What language will be used?
The main language of What’s The Story? Croatia will be English.
The submitted documents for the selection process of the participants must be in English.
The text materials written during the workshop must be in English.
Who are the tutors?
What’s The Story? Croatia tutors will be announced shortly.
How do I apply?
Applications to What’s The Story? Croatia can only be submitted via the official submission form at this link:
https://forms.gle/noLJrLYSQZr8ZJcFA
When is the deadline for submissions?
The deadline for submissions to What’s The Story? Croatia is set September 1.
How much does it cost?
The submission and participation fee to What’s The Story? Croatia is free of charge.
Zagreb Film Festival will provide accommodation and one meal per day for all the selected participants.
Do you have more questions?
For further information please send an email to:
contact@filmagency.gov.mk
Врз основа на член 25 став (2) од Законот за филмската дејност („Сл. Весник на
Република Северна Македонија’’ бр.82/13, 18/14, 44/14, 129/15, 152/15, 39/16, 11/18 и 275/19), а во
согласност со Правилникот за учество на Агенцијата за филм во финансирање на стручното и професионално усовршување на кадри во областа на филмот и поддршка на членство на РС. Македонија во меѓународни филмски организации бр.01-1917/1 од 21.12.2018 година, Изменет и дополнет со одлука на Управен одбор од 07.04.2023 година, Агенцијата за филм на Република Северна Македонија објавува:
Конкурс за поддршка на стручно и професионално усовршување на кадри од областа на филмот и поддршка на членство на Република Северна Македонија во меѓународни филмски организации за 2023 година
- Правното лице ја претставува и афирмира македонската култура и кинематографија;
- Врши промоција и заштита на техничките и уметничките вредности на кинематографските вредности;
- Врши промоција на интернационалното разбирање и соработка во полето на уметноста културата, образованието и науката во согласност со принципите на ЕУ и УНЕСКО;
- Правното лице ја претставува и афирмира македонската култура и кинематографија преку филмската критика;
- Учество во креирање на законските регулативи во Европа кои се од посебен интерес за филмовите и филмската индустрија;
- Република Северна Македонија се јавува како долгогодишна членка во меѓународната филмска организација или асоцијација.
Конкурсот се распишува за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност и тоа:
- за поддршка на стручно и професионално усовршување на кадри од областа на филмот
- за поддршка на членство на Република Северна Македонија во меѓународни филмски организации.
Општи информации
Едукативни и образовни програми за стручно и професионално усовршување на кадри во областа на филмот се: работилници, тренинг програми, форуми и филмски маркети со посебни програми наменети за стекнување и унапредување на знаења од посебни сегменти од областа на филмската дејност. Членство на Република Северна Македонија во меѓународни филмски организации и асоцијации.
Услови и право на учество
Право на учество на конкурсот за поддршка на стручно и професионално усовршување на кадри од областа на филмот имаат физички лица кои:
- се државјани на Република Северна Македонија;
- се имаат стекнато со високо образование од областа на филмската дејност или се докажани во својата област.
Право на учество на конкурсот за поддршка на членство на Република Северна Македонија во меѓународни филмски организации имаат:
- правни лица како и непрофитни организации, задруженија на граѓани кои се регистрирани за вршење на дејност во областа на филмската дејност, регистрирани во Централен регистар на Република Северна Македонија.
Услови за конкурирање
Лицата кои аплицираат на конкурсот за поддршка на стручно и професионално усовршување на кадри од областа потребно е:
- во моментот на конкурирање да работат на проекти кои се на тема која е тесно поврзана со програмата за едукација за која се побарува поддршка за присуство или
- во момент на конкурирање да имаат учествувано во реализација на најмалку два краткометражни професионални филмови што се јавно прикажани или
- да се истакнати филмски критичари.
Пријавите доставени по Конкурс нема да бидат рзгледувани и истите ќе бидат одбиени доколку
- се некомплетни, ненавремени, се доставени од неовластено лице, содржат неточни и неразбирливи податоци;
- не ги исполнуваат условите наведени во Конкурсот
Критериуми по кои ќе се врши изборот на проектите за поддршка на членство на Република Северна Македонија во меѓународни филмски организации се следните:
- Правното лице ја претставува и афирмира македонската култура и кинематографија;
- Врши промоција и заштита на техничките и уметничките вредности на кинематографските вредности;
- Врши промоција на интернационалното разбирање и соработка во полето на уметноста културата, образованието и науката во согласност со принципите на ЕУ и УНЕСКО;
- Правното лице ја претставува и афирмира македонската култура и кинематографија преку филмската критика;
- Учество во креирање на законските регулативи во Европа кои се од посебен интерес за филмовите и филмската индустрија;
- Република Северна Македонија се јавува како долгогодишна членка во меѓународната филмска организација или асоцијација.
Приоритет во финансирањето ќе имаат оние правни лица кои континуирано и долгогодишно членуваат во меѓународни филмски организации и асоцијации (да не биде помало од 10 години).
Рок за пријавување
Конкурсот е отворен и трае во текот на цела година. Апликантите се должни пријавата со прилог документацијата да ја достават најмалку 15 дена пред почеток на настанот /5 дена по прием на фактура за членството.
За секое барање се одлучува поединчено со Одлука на Управен одбор во рок од 60 дена од денот на конкурирањето, по претходно доставено мислење од Филмскиот совет. Подносителите на барањата прифатени на Конкурсот по добивање на Одлуката, со директорот на Агенцијата за филм склучуваат договор за поддршката зависно од доставеното барање.
Начин на доставување на Пријави
Пријавувањето се врши со доставување на пополнета Пријава со прилог документација која е наведена во Пријавата. Пријавата е составен дел од Конкурсот и е објавена на веб-локацијата на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. Пријавата треба да се превземе од веб-локацијата на Агенцијата за филм (www.filmagency.gov.mk) да се пополни на македонски јазик електронски со впишување на податоци на означеното место и да се верификува.
Пријавата со потребната документација треба да се достават до Архивата на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија преку пошта на адреса: ул. „8 Март“бр.4 или по електронски пат на: info@filmagency.gov.mk.
Висина на учество на Агенцијата
Агенцијата за филм ќе учествува во финансирањето на начин што во целост го покрива износот на чланарината за поддршка на членство на Република Северна Македонија во меѓународни филмски организации односно котизацијата за поддршка на стручно и професионално усовршување на кадри од областа на филмот, додека во останатите трошоци зависно од расположливите средства на Агенцијата. Изборот ќе се изврши во согласност со расположливите средства на Агенцијата за филм.
Квалификувани трошоци за учество на домашни и меѓународни едукативни и образовни програми се трошоци наменети за: котизација за учество во програмата, трошоци за превоз и сместување.
Начин на користење на доделените средства
Апликантите чии Пријави се одобрени на Конкурсот, односно корисниците на средствата, се должни доделените средства од Агенцијата за филм да ги трошат наменски и законски согласно позитивните прописи во Република Северна Македонија.
Корисниците се обврзани да достават наративен извештај и финансиски извештај со прилог документација за направени трошоци (фактури, фискални сметки и сл.) и докази за направени трошоци (изводи од банка).
Дополнителни информации
Дополнителни информации во врска со Конкурсот може да се добијат во Секторот за филмска дејност и меѓународна соработка на телефонскиот број 02/3224-100
*Пријавите може да се превемат од следните линкови:
Врз основа на член 25 став (1) од Законот за филмската дејност („Сл. Весник на РСМ“’ бр.82/13, 18/14, 44/14, 129/15, 152/15, 39/16, 11/18 и 275/19), Агенцијата за филм на Република Северна Македонија објавува:
КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ДОЛГОМЕТРАЖЕН И КРАТКОМЕТРАЖЕН ИГРАН, ДОКУМЕНТАРЕН И АНИМИРАН ФИЛМ
I. Конкурсот се распишува за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност и тоа за:
– Долгометражен игран и анимиран филм чија должина на времетраење на филмот е над 70 минути
– Долгометражен документарен филм чија должина на времетраење на филмот е над 60 минути
– Краткометражни филмови (игран, документарен и анимиран) чија должина на времетраење е до 30 минути
Филмот во зависност од креативното и финансиското учеството на Република Северна Македонија може да биде:
– филм кој во 80% е финансиран со средства од Република Северна Македонија или филм произведен од еден или повеќе филмски продуценти од Република Северна Македонија, со најмалку еден автор од Република Северна Македонија и со претежен дел на филмски работници од Република Северна Македонија,
– копродукциски филм со малцински финансиски удел на Република Северна Македонија“ во кој учеството на Република Северна Македонија не може да биде повеќе од 50%, но не помалку од 5% во вкупните трошоци за производство на филмот и филм произведен во соработка со странски филмски продуценти во согласност со Конвенцијата на Советот на Европа за кинематографска копродукција (ревидирана).
II. Право на учество и услови за конкурирање
II. 1 Право на учество
- Право на учество на Конкурсот имаат само филмски продуценти регистрирани во Централниот Регистар на Република Северна Македонија за вршење на дејност производство на филмови како претежна дејност.
- Право на учество имаат правни лица кои се пријавуваат со проект чиј режисер се има стекнато со соодветно високо образование.
- За производство на долгометражен игран филм право на учество немаат правните лица кои се пријавуваат со проект чиј режисер, претходно има одобрен проект за реализација на долгометражен игран филм од страна на Агенцијата и истиот сеуште не е завршен..
II. 2 Услови за конкурирање
- За производство на долгометражен филм може да конкурира филмски продуцент од Република Северна Македонија кој ги исполнува и условите од член 26 став (5) од Законот за филмска дејност.
- За производство на дебитантски долгометражен филм, може да конкурира филмски продуцент кој ги исполнува и условите дефинирани во член 26 став (6) од Законот за филмска дејност.
- За производство на копродукциски филм со малцински финансиски удел на Република Северна Македонија право на учество имаат правните лица кои имаат снимено и јавно прикажано најмалку два краткометражни документарни или анимирани филмови со кои учествувал на најмалку два меѓународни фестивали што го потврдува со доставување на соодветна документација.
Студентски филмови не се сметаат како претходно изработени филмови на продуцентот и режисерот на проектот.
На конкурсот може да се пријават филмски продуценти со најмногу два проекти од различни категории, и со најмногу еден во иста категорија.
III. Пријавите доставени по Конкурс нема да бидат рзгледувани и истите ќе бидат одбиени доколку
- се некомплетни, ненавремени, се доставени од неовластено лице, содржат неточни и неразбирливи податоци, не се доставени по електронски пат;
- не ги исполнуваат условите наведени во Конкурсот;
- немаат извршено соодветна уплата по Конкурс;
- кои најмногу три пати аплицираат со исто сценарио во последните 5 години.
- се доставени од филмски продуцент кој има забрана за учество на Конкурс по одредени основи предвидени со Законот за филмската дејност;
- се доставени од филмски продуцент кој не ги вратил средствата добиени од Агенцијата за реализација на проект кој не се реализирал во рок од пет години сметано од денот на склучување на преддоговорот
- се доставени од филмски продуцент против кого е поднесена тужба до надлежен суд од страна на Агенцијата.
IV. Начин и рок на пријавување
Конкурсот е отворен во текот на целата година, а одлучувањето по доставените филмски проекти е двапати годишно и тоа: во Април и во Октомври.
– за првиот рок на одлучување пријавите потребно е да се достават најдоцна до 31.03.2023 г.
– за вториот рок на одлучување најдоцна до 31.08.2023 г.
Пријавувањето на филмските проекти се врши со доставување на пополнета Пријава со прилог документација која е наведена во Пријавата и Конкурсот. Пријавата е составен дел од Конкурсот и е објавена на веб-локацијата на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.
Пријавата треба да се превземе од веб-локацијата на Агенцијата за филм (www.filmagency.gov.mк) да се пополни на македонски јазик електронски со впишување на податоци на означеното место и да се верификува. За секој филмски проект се пополнува соодветна и одделна Пријава.
Пријавата со прилог задолжителна документација и друга документација за Конкурсот треба да се достават до Агенцијата за филм на Република Северна Македонија преку пошта на адреса: ул. „8 Март бр. 4, или со нивно предавање во архивата на Агенцијата со назнака „Пријава на Конкурс за производство на филмови’’, како и по електронски пат info@filmagency.gov.mk најдоцна до 15:00 часот.
Целосната документација доставена со Пријавата на Конкурсот задолжително се доставува и по електронски пат на: info@filmagency.gov.mk.
Доставените Пријави и доставената документација по Конкурс не се враќаат на подносителот.
V. Приоритети за финансирање на проекти
Приоритет при одлучувањето на Конкурсот ќе имаат филмски проекти кои покрај уметничкиот имаат и третираат современи, универзални теми и се со потенцијална циркулација, ја афирмираат Република Северна Македонија, како и автентични филмски проекти од реномирани македонски автори, млади автори – дебитанти, и малцински копродукции кои ќе придонесат за унапредување на македонската кинематографија.
VI. Критериуми за евалуација на проекти
Финансирањето на филмски проекти од национален интерес во филмската дејност ќе се врши врз основа на спроведена евалуација на критериумите и мерилата утврдени со Правилникот (Линк за превземање: PDF) за поблиските критериуми и мерила за оцена на критериумите за финансирање на филмски проекти од национален интерес во филмската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 97/14) и Правилникот за поддршка на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм бр.01-217/1 од 30.01.2023 година.
VII. Висина на учество на Агенцијата во финансирањето
Агенцијата ќе учествува во финасирање на филмските проекти со средства во висина до најмногу 70% од вкупниот буџет и тоа за:
- Долгометражен игран не повеќе од 62.000.000 денари
- Долгометражен анимиран филм не повеќе од 62.000.000 денари,
- Долгометражен документарен филм не повеќе од 10.000.000 денари;
- Краткометражен игран филм не повеќе од 5.000.000 денари
- Краткометражен документарен филм не повеќе од 4.000.000 денари
- Краткометражен анимиран филм не повеќе од 5.000.000 денари.
Агенцијата ќе учествува во финансирање на филмските проекти за дебитански филм со средства до најмногу 90% од вкупниот буџет и тоа за:
- Долгометражен игран не повеќе од 25.000.000 денари
- Долгометражен анимиран филм не повеќе од 25.000.000 денари
- Долгометражен документарен филм не повеќе од 5.000.000 денари;
- Краткометражен игран не повеќе од 2.000.000 денари
- Краткометражен документарен не повеќе од 2.000.000 денари
- Краткометражен анимиран филм не повеќе од 2.500.000 денари
Агенцијата ќе учествува во финансирање на филмски проекти од посебен интерес за Република Северна Македонија со средства до најмногу 90% од вкупниот буџет и тоа за:
- Долгометражен игран може да бидат и повеќе од 62.000.000 денари
- Долгометражен анимиран филм кои може да бидат и повеќе од 62.000.000 денари
- Долгометражен документарен филм не повеќе од 15.000.000 денари;
- Краткометражен игран не повеќе од 8.000.000 денари,
- Краткометражен документарен не повеќе од 6.000.000 денари
- Краткометражен анимиран филм не повеќе од 8.000.000 денари.
Филмскиот продуцент е должен при изработка на буџетот во средствата кои ги побарува од страна на Агенцијата да ги предвиди и средствата за маркетинг, промоција, дистрибуција и изработка на ДВД на филмовите, како и надоместоците за авторски и други хонорари кои ќе бидат финансирани од Агенцијата согласно член 28 од Законот за филмска дејност.
VIII. Начин на користење на финансиските средства за проекти што ќе бидат избрани на Конкурсот
За домашни филмови (национални филмови и мнозински ко-продукции) најмалку 65% од средствата доделени од Агенцијата мора да се трошат во Република Северна Македонија
За ко-продукциски филмови (малцински ко-продукции) најмалку 80% од средствата доделени од Агенцијата мора да се трошат во Република Северна Македонија.
Филмскиот продуцент корисник на финансиските средства е должен истите да ги троши исклучиво од оперативната сметка за посебни намени т.н наменска сметка отворена за проектот и да се придржува до финансискиот план, оперативниот план и буџетот кои се составен дел од договорот.
По секоја фаза на реализација на филмскиот проект до Агенцијата доставува извештај за потрошени средства, документација за направените трошоци (договори, фактури, сметки) и докази за направени трошоци (изводи од банка).
IX. Еднократен надоместок за администрирање на проектот
За администрирање на филмските проекти (прием и архивирање на проект, копирање и достава до рецензенти, авторски хонорар за рецензенти на проектите, евалуирање на проектите и одлучување по истите, изготвување на известувања до продуцентските куќи, поштенски услуги, телефонски услуги и сл.), уплатата се врши на Образец ПП50 со цел на дознака:
Уплата за Конкурс за финансирање проекти.
Назив на примачот: Агенција за филм на Република Северна Македонија,
Банка на примачот: НБРМ, Сметка: 100000000063095,
Сметка на буџетски корисник: 180106036478714 приходна шифра: 725939 програма: 31
Висината на надоместокот за администрација на филмските проекти е:
– За долгометражни (игран, документарен и анимиран) филмови 8.000 денари
– За краткометражен (игран, документарен и анимиран) филмови 4.000 денари
Овие средства се неповратни без разлика дали проектот ќе биде прифатен или одбиен од страна на Агенцијата за филм.
X. Дополнителни информации
Дополнителни информации во врска со Конкурсот може да се добијат во Секторот за филмска и аудиовизуелна дејност на телефонскот број 02/3224-100 или електронски на: info@filmagency.gov.mk
* ПРИЈАВA ЗА ПРОЕКТИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ДОЛГОМЕТРАЖЕН И КРАТКОМЕТРАЖЕН ИГРАН, ДОКУМЕНТАРЕН И АНИМИРАН ФИЛМ – МНОЗИНСКА КОПРОДУКЦИЈА (PDF) (Word .docx)
- Рекапитулар буџет мнозински (xls)
- Финансиски план мнозински (xls)
* ПРИЈАВA ЗА ПРОЕКТИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ДОЛГОМЕТРАЖЕН И КРАТКОМЕТРАЖЕН ИГРАН, ДОКУМЕНТАРЕН И АНИМИРАН ФИЛМ- МАЛЦИНСКА КОПРОДУКЦИЈА (PDF) (Word .docx)
- Рекапитулар за буџет малцински (xsl)
- Финансиски план малцински (xsl)
Врз основа на член 25 став 2 од Законот за филмска дејност („Сл. весник на Република Северна Македонија’’ бр.82/13, 18/14, 44/14, 129/15, 152/15, 39/16, 11/18и 275/19), Агенцијата за филм на Република Северна Македонија објавува:
КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС ВО ФИЛМСКАТА ДЕЈНОСТ – организирање на домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер за 2023 година
I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Конкурсот се распишува за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност за:
- Организирање на домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер.
II. ПРАВО НА УЧЕСТВО И УСЛОВИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ
Право на учество имаат правни лица регистрирани во Централен регистар на Република Северна Македонија, непрофитни организации, здруженија на граѓани и фондации.
III. ПРИОРИТЕТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИТЕ
Агенцијата за филм на Република Северна Македонија финансира проекти кои:
- Македонската кинематографија ја ставаат во интернационален контекст;
- Имаат европски, односно меѓународен карактер;
- Го промовираат интеркултурниот дијалог и развој на граѓанското општество;
- Се засновани на стручно и професионално знаење;
- Имаат висок квалитет и профилираност на основната дејност;
- Имаат занчителна посетеност;
- Се одржуваат континуирано и со традиција;
- Имаат едукативен аспект/квалитет на публикациите
IV. КРИТЕРИУМИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ПРОЕКТИ
Постапката за евалуација и одлучување на проектите, подетално е опишана во пријавата за учество на конкурсот објавен на веб страната на Агенцијата за филм.
На конкурсот нема да бидат разгледувани пријави кои:
- се доставени по истекот на рокот за пријава на проекти по Конкурсот;
- не се поднесени на пријава соодветна за овој Конкурс;
- се непотполни и неуредно доставени
V. ВИСИНА НА УЧЕСТВО НА АГЕНЦИЈАТА ВО ФИНАНСИРАЊЕТО НА ПРОЕКТИТЕ
Агенцијата за филм може да учествува во финансирањето на поднесените проекти согласно финансиските можности, а најмногудо 70% од вкупниот буџет на проектот.
VI. НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВАТА
Корисниците се обврзуваат дека сите средства доделени од страна на Агенцијата ќе ги користат наменски, законски, рационално и економично согласно буџетот на проектот, од сметка за посебни намени т.н наменска сметка.
VII. НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА
Пријавувањето на проектите се врши со доставување на пополнета пријава која е составен дел од конкурсот. Пријавата треба да се преземе од веб-локацијата на Агенцијата за филм (www.filmagency.gov.mк) да се пополни на македонски јазик, електронски со впишување на податоци на означеното место и да се верификува.
Пријавата и документацијата по конкурсот треба да се достават до Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, преку пошта на адреса: ул. „8 Март“бр.4 или до Архивата на Агенцијата за филм со назнака „Пријава на конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност’’.
Воедно пријавата и документацијата во прилог на пријавата воедно задолжително се доставуваат и во електронска форма на е-маил адресата: info@filmagency.gov.mk
Краен рок за достава на пријави по конкурс е 10.02.2023 година.
VIII. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОНКУРСОТ
Проектите прифатени на конкурс ќе се објават и на веб страната на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.
IX. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Дополнителни информации во врска со конкурсот може да се добијат во Секторот за филмска дејност и меѓународна соработка на телефонскот број 02/3224-100 или на емаил:
ИЗМИНАТИ КОНКУРСИ
Врз основа на член 25 став 2 од Законот за филмската дејност („Сл. Весник на Република Македонија’’ бр.82/13, 18/14, 44/14, 129/15, 152/15, 39/16, 11/18и 275/19), Агенцијата за филм на Република Северна Македонија објавува:
КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС ВО ФИЛМСКАТА ДЕЈНОСТ – за поддршка на стручно и професионално усовршување на кадри од областа на филмот и за поддршка на членство на Република Северна Македонија во меѓународни филмски организации за 2022 година
I. Општи информации
Конкурсот се распишува за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност и тоа:
- за поддршка на стручно и професионално усовршување на кадри од областа на филмот;
- за поддршка на членство на Република Северна Македонија во меѓународни филмски организации.
Конкурсот е наменет за кадри од областа на филмот – физички лица кои се имаат стекнато со високо образование од областа на филмската дејност и кои се државјани на Република Северна Македонија, и за поддршка на проекти за членство на Република Северна Македонија во меѓунардони филмски организации и асоцијации.
Право на поддршка на стручното и професионално усовршување на кадри од областа на филмот имаат физички лица кои во моментот на конкурирање работат и/или имаат искуство во работа на проекти кои се на тема која е тесно поврзана со програмата за едукација за која се побарува поддршка за присуство.
Право на поддршка на членство на Република Северна Македонија во меѓународни филмски организации имаат правни лица како и непрофитни организации, задруженија на граѓани кои се регистрирани за вршење на дејност во областа на филмската дејност, регистрирани во Централен регистар на Република Северна Македонија.
II. Рок за достава на Пријави и донесување на Одлуки по Конкурс
– Конкурсот е отворен и трае во текот на цела година.
– За секое барање се одлучува поединчено со Одлука на Управен одбор во рок од 60 дена од денот на конкурирањето.
– Подносителите на барањата прифатени на Конкурсот по добивање на Одлуката, со директорот на Агенцијата за филм склучуваат договор за поддршката зависно од доставеното барање.
III. Начин на доставување на Пријави
Пријавувањето на филмските проекти се врши со доставување на пополнета Пријава со прилог документација која е наведена во Пријавата. Пријавата е составен дел од Конкурсот и е објавена на веб-локацијата на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. Пријавата треба да се превземе од веб-локацијата на Агенцијата за филм (www.filmagency.gov.mk ) да се пополни на македонски јазик електронски со впишување на податоци на означеното место и да се верификува.
За секој филмски проект се пополнува соодветна и одделна Пријава. Пријавата содржи во себе подетални информации за условите за учество на Конкурсот, критериумите и мерилата за финансирање како и информации за задолжителната документација која подносителот потребно е да ја достави со Пријавата како и други документи/материјали потребни за дообјаснување на филмскиот проект, за кои подносителот цени дека е потребно да ги достави.
Пријавата по Конкурс со потребната документација треба да се достават до Агенцијата за филм на Република Северна Македонија преку пошта на адреса: ул. „8 Март“бр.4 или во Архивата на Агенцијата. Апликантите се должни пријавата со прилог документацијата да ја достават најмалку 15 дена пред почеток на настанот.
IV. Дополнителни информации
Дополнителни информации во врска со Конкурсот може да се добијат во Секторот за филмска дејност и меѓународна соработка на телефонскот број 02/3224-100
*Пријавите може да се превемат од следните линкови:
ПОВИК ЗА SEE CINEMA NETWORK 2022
Отворен е конкурсот на SEE CINEMA NETWORK 2022 за финансирање на развој на долгометражен филм реализиран како копродукција.
Подетални информации поврзани со правилата и начинот за пријавување можете да најдете на следните линкови:
Rules and regulations for Development of feature films co-productions – doc
Application for Development of feature films co-productions – doc
Пријавите за SEE CINEMA NETWORK 2022 треба да бидат доставени електронски на contact@filmagency.gov.mk најдоцна до 26. септември 2022 година.
Откако ќе бидат доставени проектите за учество на конкурсот од страна на Комисијата на Агенцијата за филм на Р.Северна Македонија ќе бидат одбрани проекти кои влегуваат во потесен избор на конкурсот. Финалната евалуација на самите развојни проекти, како и конечниот избор на проектите кои ќе бидат финасирани го прави Генералното собрание на претставниците на SEE CINEMA NETWORK во рамките на Thessaloniki International Film Festival, кој се планира да се одржи во ноември 2022 година.
Врз основа на член 25 став (1) од Законот за филмската дејност („Сл. Весник на РМ“’ бр.82/13, 18/14, 44/14, 129/15, 152/15, 39/16, 11/18 и 275/19), Агенцијата за филм на Република Северна Македонија објавува:
КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ДОЛГОМЕТРАЖЕН И КРАТКОМЕТРАЖЕН ИГРАН, ДОКУМЕНТАРЕН И АНИМИРАН ФИЛМ
I. Општи информации Конкурсот се распишува за производство на:
– долгометражен (игран, документарен и анимиран) филм и
– краткометражен (игран, документарен и анимиран) филм
Филмот во зависност од креативното и финансиското учеството на Република Северна Македонија може да биде:
– Домашен филм, односно национален филм и мнозинска копродукција и
– Ко-продукциски филм со малцински финансиски удел на Република Северна Македонија (малцински ко-продукции)
Конкурсот е отворен во текот на целата година, а одлучувањето по доставените филмски проекти е двапати годишно и тоа: во Април и во Октомври.
Крајниот рок за доставување на пријави: – за првиот рок на одлучување до 31.03.2022 г. и – за вториот рок на одлучување до 15.08.2022 г.
II. Право на учество и услови за конкурирање
Право на учество на Конкурсот имаат само филмски продуценти регистрирани во Централниот Регистар на Република Северна Македонија за вршење на дејност производство на филмови како претежна дејност и продуценти кои ги исполнуваат условите наведени во точка II од Пријавата.
Во зависност од должината на времетраењето на филмот ќе се разгледуваат пријави за:
– Долгометражен игран и анимиран филм чија должина на времетраење на филмот е над 70 минути
– Долгометражен документарен филм чија должина на времетраење на филмот е над 60 минути
– Краткометражни филмови (игран, документарен и анимиран) чија должина на времетраење е до 30 минути
III. Начин и рок на пријавување
Пријавувањето на филмските проекти се врши со доставување на пополнета Пријава со прилог документација која е наведена во Пријавата.
Пријавата е составен дел од Конкурсот и е објавена на веб-локацијата на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.
Пријавата треба да се превземе од веб-локацијата на Агенцијата за филм (www.filmagency.gov.mк ) да се пополни на македонски јазик електронски со впишување на податоци на означеното место и да се верификува.
За секој филмски проект се пополнува соодветна и одделна Пријава.
Пријавата содржи во себе подетални информации за условите за учество на Конкурсот, критериумите и мерилата за финансирање како и информации за задолжителната документација која подносителот потребно е да ја достави со Пријавата како и други документи/материјали потребни за дообјаснување на филмскиот проект, за кои подносителот цени дека е потребно да ги достави.
Целосната документација доставена со Пријавата на Конкурсот задолжително се доставува и по електронски пат на: info@filmagency.gov.mk.
Доставените Пријави и доставената документација по Конкурс не се враќаат на подносителот.
На конкурсот може да се пријават филмски продуценти со најмногу два проекти од различни категории.
IV. Приоритети за финансирање на проекти
Приоритет при одлучувањето на Конкурсот ќе имаат филмски проекти кои покрај уметничкиот имаат и третираат современи, универзални теми и се со потенцијална циркулација, ја афирмираат Република Северна Македонија, како и автентични филмски проекти од реномирани македонски автори, млади автори – дебитанти, и малцински копродукции кои ќе придонесат за унапредување на македонската кинематографија.
V. Критериуми и мерила за евалуација на проекти
Филмските проекти се евалуираат согласно Правилникот за поблиските критериуми и мерила за оцена на критериумите за финансирање на филмски проекти од национален интерес во филмската дејност и тоа според следните критериуми:
– Оргиналност, автентичност и квалитет на содржината на сценариото;
– Режисерска експликација за проектот
– Успешност на филмскиот продуцент;
– Успешност на режисерот и
– Изводливост на филмскиот проект во однос на буџетот, сложеноста, планот и термините за снимање.
VI. Висина на учество на Агенцијата во финансирањето
- Агенцијата ќе учествува во финасирање на филмските проекти со средства во висина до најмногу 70% од вкупниот буџет и тоа за:
– Долгометражен игран и анимиран филм не повеќе од 62.000.000 денари и за долгометражен документарен филм не повеќе од 5.000.000 денари;
– Краткометражен игран, документарен и анимиран филм не повеќе од 3.000.000 денари.
- Агенцијата ќе учествува во финансирање на филмските проекти за дебитански филм со средства до најмногу 90% од вкупниот буџет и тоа за:
– Долгометражен игран и анимиран филм не повеќе од 25.000.000 денари и за долгометражен документарен филм не повеќе од 3.000.000 денари;
– Краткометражен игран, документарен и анимиран филм не повеќе од 1.000.000 денари
- Агенцијата ќе учествува во финансирање на филмски проекти од посебен интерес за Република Северна Македонија со средства до најмногу 90% од вкупниот буџет и тоа за:
– Долгометражен игран и анимиран филм кои може да бидат и повеќе од 62.000.000 денари и за долгометражен документарен филм не повеќе од 10.000.000 денари;
– Краткометражен игран, документарен и анимиран филм не повеќе од 4.000.000 денари
Задолжителни обврски за филмскиот продуцент е при изработка на буџетот во средствата кои ги побарува од страна на Агенцијата да ги предвиди и средствата за маркетинг, промоција, дистрибуција и изработка на ДВД на филмовите, како и надоместоците за авторски и други хонорари кои ќе бидат финансирани од Агенцијата да ги утврдува согласно член 28 од Законот за филмска дејност.
VII. Начин на користење на финансиските средства за проекти што ќе бидат избрани на Конкурсот
- За домашни филмови (национални филмови и мнозински ко-продукции) најмалку 65% од средствата доделени од Агенцијата мора да се трошат во Република Северна Македонија
- За ко-продукциски филмови (малцински ко-продукции) најмалку 80% од средствата доделени од Агенцијата мора да се трошат во Република Северна Македонија.
Филмскиот продуцент корисник на финансиските средства е должен истите да ги троши исклучиво од оперативната сметка за посебни намени т.н наменска сметка отворена за проектот и да се придржува до финансискиот план, оперативниот план и буџетот кои се составен дел од договорот.
По секоја фаза на реализација на филмскиот проект до Агенцијата доставува извештај за потрошени средства, документација за направените трошоци (договори, фактури, сметки) и докази за направени трошоци (изводи од банка).
VIII. Еднократен надоместок за администрирање на проектот
За администрацијата на филмските проекти (прием и архивирање на проект, копирање и достава до рецензенти, авторски хонорар за рецензенти на проектите, евалуирање на проектите и одлучување по истите, изготвување на известувања до продуцентските куќи, поштенски услуги, телефонски услуги и сл.), уплатата се врши на Образец ПП50 со цел на дознака:
Уплата за Конкурс за финансирање проекти.
Назив на примачот: Агенција за филм на Република Северна Македонија,
Банка на примачот: НБРМ, Сметка: 100000000063095,
Сметка на буџетски корисник: 180106036478714 приходна шифра: 725939 програма: 31
Висината на надоместокот за администрација на филмските проекти е:
– За долгометражни (игран, документарен и анимиран) филмови 8.000 денари
– За краткометражен (игран, документарен и анимиран) филмови 4.000 денари
Овие средства се неповратни без разлика дали проектот ќе биде прифатен или одбиен од страна на Агенцијата за филм.
IX. Начин и рок за поднесување на барањата
Пријавата со прилог задолжителна документација и друга документација за Конкурсот треба да се достават до Агенцијата за филм на Република Северна Македонија преку пошта на адреса: ул. „8 Март бр. 4, или со нивно предавање во архивата на Агенцијата со назнака „Пријава на Конкурс за производство на филмови’’, како и по електронски пат info@filmagency.gov.mk најдоцна до 15:00 часот.
X. Дополнителни информации
Дополнителни информации во врска со Конкурсот може да се добијат во Секторот за филмска и аудиовизуелна дејност на телефонскот број 02/3224-100 или електронски на: info@filmagency.gov.mk
* ПРИЈАВA ЗА ПРОЕКТИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ДОЛГОМЕТРАЖЕН И КРАТКОМЕТРАЖЕН ИГРАН, ДОКУМЕНТАРЕН И АНИМИРАН ФИЛМ НАЦИОНАЛЕН ФИЛМ И МНОЗИНСКА КОПРОДУКЦИЈА (PDF) (Word .docx)
* ПРИЈАВA ЗА ПРОЕКТИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ДОЛГОМЕТРАЖЕН И КРАТКОМЕТРАЖЕН ИГРАН, ДОКУМЕНТАРЕН И АНИМИРАН ФИЛМ- МАЛЦИНСКА КОПРОДУКЦИЈА (PDF) (Word .docx)
- Рекапитулар за буџет малцински (xsl)
- Финансиски план малцински (xsl)
Врз основа на член 25 став 2 од Законот за филмска дејност („Сл. весник на Република Северна Македонија’’ бр.82/13, 18/14, 44/14, 129/15, 152/15, 39/16, 11/18и 275/19), Агенцијата за филм на Република Северна Македонија објавува:
КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС ВО ФИЛМСКАТА ДЕЈНОСТ – организирање на домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер за 2022 година
I ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Конкурсот се распишува за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност за:
– Организирање на домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер.
II. ПРАВО НА УЧЕСТВО И УСЛОВИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ
Право на учество имаат правни лица регистрирани во Централен регистар на Република Северна Македонија, непрофитни организации, здруженија на граѓани и фондации.
III ПРИОРИТЕТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИТЕ
Агенцијата за филм на Република Северна Македонија финансира проекти кои:
- Македонската кинематографија ја ставаат во интернационален контекст;
- Имаат европски, односно меѓународен карактер;
- Го промовираат интеркултурниот дијалог и развој на граѓанското општество;
- Се засновани на стручно и професионално знаење;
- Имаат висок квалитет и профилираност на основната дејност;
- Имаат занчителна посетеност;
- Се одржуваат континуирано и со традиција;
- Имаат едукативен аспект/квалитет на публикациите
IV. КРИТЕРИУМИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ПРОЕКТИ
Постапката за евалуација и одлучување на проектите, подетално е опишана во пријавата за учество на конкурсот објавен на веб страната на Агенцијата за филм.
На конкурсот нема да бидат разгледувани пријави кои:
– се доставени по истекот на рокот за пријава на проекти по Конкурсот;
– не се поднесени на пријава соодветна за овој Конкурс;
– се непотполни и неуредно доставени
V. ВИСИНА НА УЧЕСТВО НА АГЕНЦИЈАТА ВО ФИНАНСИРАЊЕТО НА ПРОЕКТИТЕ
Агенцијата за филм може да учествува во финансирањето на поднесените проекти согласно финансиските можности, а најмногудо 70% од вкупниот буџет на проектот.
VI. НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВАТА
Корисниците се обврзуваат дека сите средства доделени од страна на Агенцијата ќе ги користат наменски, законски, рационално и економично согласно буџетот на проектот, од сметка за посебни намени т.н наменска сметка.
VII НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА
Пријавувањето на проектите се врши со доставување на пополнета пријава која е составен дел од конкурсот. Пријавата треба да се преземе од веб-локацијата на Агенцијата за филм (www.filmagency.gov.mк) да се пополни на македонски јазик, електронски со впишување на податоци на означеното место и да се верификува.
Пријавата и документацијата по конкурсот треба да се достават до Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, преку пошта на адреса: ул. „8 Март“бр.4 или до Архивата на Агенцијата за филм со назнака „Пријава на конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност’’.
Воедно пријавата и документацијата во прилог на пријавата воедно задолжително се доставуваат и во електронска форма на е-маил адресата: arhiva@filmagency.gov.mk
Краен рок за достава на пријави по конкурс е 25.02.2022 година.
VIII ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОНКУРСОТ
Проектите прифатени на конкурс ќе се објават и на веб страната на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.
IX ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Дополнителни информации во врска со конкурсот може да се добијат во Секторот за филмска дејност и меѓународна соработка на телефонскот број 02/3224-100 или на емаил:
Пријава може да ја превземете во следниве формати: PDF и DOC
Отворен повик од „Еуримаж“ за надворешни експерти
Европскиот филмски фонд „Еуримаж“ има отворен повик за независни надворешни експерти.
Кандидатите треба да бидат културни работници кои делуваат во областа на филмот и
аудивизуелното творештво.
Упатствата за пријава како и целосен преглед на функционирањето на надворешните експерти:
избор, мисија, финансиски и административни услови, итн може да се преземат на следните
линкови:
Documents (coe.int)
Are you eligible? (coe.int)
Заинтересираните кандидати пријавата треба да ја направат на следниот линк:
ExpertsFO (coe.int)
Реформата на Еуримаж и употреба на надворешни експерти
По надворешна евалуација спроведена во 2018 година, Фондот започна со длабинска реформа на
процесот на управување и донесување одлуки, како и преглед на работните процедури. Оваа
реформа влијае особено на програмата за поддршка на копродукцијата, чии модалитети ќе се
променат од 1 јануари 2022 година.
Процесот на управување и одлучување на Фондот ќе биде структуиран на следниот начин:
Управниот одбор (1-2 состаноци годишно), составен од претставници од секоја од земјите-членки,
ја дефинира политиката и стратешките ориентации на Фондот, одлучува за условите за
доделување финансиска поддршка и го усвојува и следи буџетот на Фондот.
Извршниот комитет (3 состаноци годишно), составен од една третина од националните
претставници на ротациона основа, има мандат да донесува одлуки за секое прашање што не
спаѓа во надлежноста на Управниот одбор, вклучително и усвојување препораки за финансиска
поддршка развиена од работните групи за различни програми за поддршка.
Независни надворешни експерти – од филмската, аудиовизуелната и културната индустрија – ќе
бидат ангажирани за проценка на апликациите за поддршка и давање препораки за распределба
на финансиска помош во согласност со критериумите за избор и насоки дефинирани од Управниот
одбор. Овие експерти ќе работат во рамките на програмата за поддршка на копродукцијата, но
може да бидат повикани за други програми на Фондот.
Контакт: eurimages-experts@coe.int
Experts (coe.int)
I. Општи информации
Конкурсот се распишува за производство на:
– долгометражен (игран, документарен и анимиран) филм и
– краткометражен (игран, документарен и анимиран) филм
Филмот во зависност од креативното и финансиското учеството на Република Северна Македонија може да биде:
– Домашен филм, односно национален филм и мнозинска копродукција и
– Ко-продукциски филм со малцински финансиски удел на Република Северна Македонија (малцински ко-продукции)
Конкурсот е отворен во текот на целата година, а одлучувањето по доставените филмски проекти е двапати годишно и тоа: во Април и во Октомври.
Крајниот рок за доставување на пријави:
– за првиот рок на одлучување до 31.03.2021 г. (среда) и
– за вториот рок на одлучување до 03.08.2021 г. (вторник)
II. Право на учество и услови за конкурирање
Право на учество на Конкурсот имаат само филмски продуценти регистрирани во Централниот регистар на Република Северна Македонија за вршење на дејност производство на филмови како претежна дејност и продуценти кои ги исполнуваат условите наведени во точка II од Пријавата.
Во зависност од должината на времетраењето на филмот ќе се разгледуваат пријави за:
– Долгометражен игран и анимиран филм чија должина на времетраење на филмот е над 70 минути
– Долгометражен документарен филм чија должина на времетраење на филмот е над 60 минути
– Краткометражни филмови (игран, документарен и анимиран) чија должина на времетраење е до 30 минути
III. Начин и рок на пријавување
Пријавувањето на филмските проекти се врши со доставување на пополнета Пријава со прилог документација која е наведена во Пријавата. Пријавата е составен дел од Конкурсот и е објавена на веб-локацијата на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. Пријавата треба да се превземе од веб-локацијата на Агенцијата за филм (www.filmagency.gov.mк ) да се пополни на македонски јазик електронски со впишување на податоци на означеното место и да се верификува.
За секој филмски проект се пополнува соодветна и одделна Пријава. Пријавата содржи во себе подетални информации за условите за учество на Конкурсот, критериумите и мерилата за финансирање како и информации за задолжителната документација која подносителот потребно е да ја достави со Пријавата како и други документи/материјали потребни за дообјаснување на филмскиот проект, за кои подносителот цени дека е потребно да ги достави.
Целосната документација доставена со Пријавата на Конкурсот задолжително се доставува и по електронски пат на: info@filmagency.gov.mk.
Доставените Пријави и доставената документација по Конкурс не се враќаат на подносителот.
На конкурсот може да се пријават филмски продуценти со најмногу два проекти од различни категории.
IV. Приоритети за финансирање на проекти
Приоритет при одлучувањето на Конкурсот ќе имаат филмски проекти кои покрај уметничкиот имаат и третираат современи, универзални теми и се со потенцијална циркулација, ја афирмираат Република Северна Македонија, како и автентични филмски проекти од реномирани македонски автори, млади автори – дебитанти, автори жени и малцински копродукции кои ќе придонесат за унапредување на македонската кинематографија.
V. Критериуми и мерила за евалуација на проекти
Филмските проекти се евалуираат согласно Правилникот за поблиските критериуми и мерила за оцена на критериумите за финансирање на филмски проекти од национален интерес во филмската дејност и тоа според следните критериуми:
– Оргиналност, автентичност и квалитет на содржината на сценариото;
– Режисерска експликација за проектот
– Успешност на филмскиот продуцент;
– Успешност на режисерот и
– Изводливост на филмскиот проект во однос на буџетот, сложеноста, планот и термините за снимање.
VI. Висина на учество на Агенцијата во финансирањето
1. Агенцијата ќе учествува во финасирање на филмските проекти со средства во висина до најмногу 70% од вкупниот буџет и тоа за:
– Долгометражен игран и анимиран филм не повеќе од 62.000.000 денари и за долгометражен документарен филм не повеќе од 5.000.000 денари;
– Краткометражен игран, документарен и анимиран филм не повеќе од 3.000.000 денари.
2. Агенцијата ќе учествува во финансирање на филмските проекти за дебитански филм со средства до најмногу 90% од вкупниот буџет и тоа за:
– Долгометражен игран и анимиран филм не повеќе од 25.000.000 денари и за долгометражен документарен филм не повеќе од 3.000.000 денари;
– Краткометражен игран, документарен и анимиран филм не повеќе од 1.000.000 денари
3. Агенцијата ќе учествува во финансирање на филмски проекти од посебен интерес за Република Македонија со средства до најмногу 90% од вкупниот буџет и тоа за:
– Долгометражен игран и анимиран филм кои може да бидат и повеќе од 62.000.000 денари и за долгометражен документарен филм не повеќе од 10.000.000 денари;
– Краткометражен игран, документарен и анимиран филм не повеќе од 4.000.000 денари
Задолжителни обврски за филмскиот продуцент е при изработка на буџетот во средствата кои ги побарува од страна на Агенцијата да ги предвиди и средствата за маркетинг, промоција, дистрибуција и изработка на ДВД на филмовите, како и надоместоците за авторски и други хонорари кои ќе бидат финансирани од Агенцијата да ги утврдува согласно член 28 од Законот.
VII. Начин на користење на финансиските средства за проекти што ќе бидат избрани на Конкурсот
1. За домашни филмови (национални филмови и мнозински ко-продукции) најмалку 65% од средствата доделени од Агенцијата мора да се трошат во Република Северна Македонија
2. За ко-продукциски филмови (малцински ко-продукции) најмалку 80% од средствата доделени од Агенцијата мора да се трошат во Република Северна Македонија
Филмскиот продуцент корисник на финансиските средства е должен истите да ги троши исклучиво од оперативната сметка за посебни намени т.н наменска сметка отворена за проектот и да се придржува до финансискиот план, оперативниот план и буџетот кои се составен дел од договорот. По секоја фаза на реализација на филмскиот проект до Агенцијата доставува извештај за потрошени средства, документација за направените трошоци (договори, фактури, сметки) и докази за направени трошоци (изводи од банка).
VIII. Еднократен надоместок за администрирање на проектот
За администрацијата на филмските проекти (прием и архивирање на проект, копирање и достава до рецензенти, авторски хонорар за рецензенти на проектите, евалуирање на проектите и одлучување по истите, изготвување на известувања до продуцентските куќи, поштенски услуги, телефонски услуги и сл.), уплатата се врши на Образец ПП50 со цел на дознака: Уплата за Конкурс за финансирање проекти. Назив на примачот: Агенција за филм на Република Македонија, Банка на примачот: НБРМ, Сметка: 100000000063095, Сметка на буџетски корисник: 180106036478714 приходна шифра: 725939 програма: 31
Висината на надоместокот за администрација на филмските проекти е:
– За долгометражни (игран, документарен и анимиран) филмови 8.000 денари
– За краткометражен (игран, документарен и анимиран) филмови 4.000 денари
Овие средства се неповратни без разлика дали проектот ќе биде прифатен или одбиен од страна на Агенцијата за филм.
IX. Начин и рок за поднесување на барањата
Пријавата со прилог задолжителна документација и друга документација за Конкурсот треба да се достават до Агенцијата за филм на Република Северна Македонија преку пошта на адреса: ул. „8 Март бр. 4, или со нивно предавање во архивата на Агенцијата со назнака „Пријава на Конкурс за производство на филмови’’, како и по електронски пат info@filmagency.gov.mk најдоцна до 15:00 часот.
X. Дополнителни информации
Дополнителни информации во врска со Конкурсот може да се добијат во Секторот за филмска и аудиовизуелна дејност на телефонскот број 02/3224-100 или електронски на: info@filmagency.gov.mk и contact@filmagency.gov.mk