Drim Short Workshop-работилница за развој на кратко сценарио ќе се одржи на 21 до 23 април во Струга во организација на Drim Short Film Festival, во соработка со Nisi Masa и Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

 Работилницата е и прва официјална соработка во нашата држава со Nisi Masa- European Network for Young Cinema една од најзначајните европски филмски мрежи под чие покровителство се организира една од најреномираните работилници за кратки филмови European Short Pitch.

NISI MASA е еден од проектите на Media односно  Creative Europe програмата на Европската Комисија.

 Како најава за четвртото издание на фестивалот на краток филм Drim Short работилницата ќе ја води истакнатиот ментор за сценарио Вим Ванакер до неодамна раководител на одделот за сценарио на NISI MASA и проект менаџер на  ESP, а воедно и еден од селекторите на официјалната програма за кратки филмови на Канскиот филмски фестивал.

Интензивната дводневна работилница ќе се фокусира на самите сценарија за краток филм, така што од менторот ќе добијат професионални совети за понатамошен развој на сценариото.

На работилницата ќе може да се пријават режисери/сценаристи кои имаат готово сценарио, не подолго од 20 страни. На крај ќе бидат селектирани 6 учесници кои ќе имаат можност да ја проследат работилницата во две фази:

Прва фаза -21-23 април во Струга (дводневна интензивна работилница за сценарио, како и запознавање со основите за пичинг на проектот).

Втора фаза -Пичинг на сценаријата за време на четвртото издание на фестивалот за краток филм Drim Short.

За време на фестивалот учесниците ќе имаат можност да ги презентираат своите проекти пред реномирани филмски професионалци.

Настанот е финасиски подджан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

Краен рок за аплицирање е 1 април.

Линк за аплицирање: https://forms.gle/QuGXdEdUcqmXUqCq7