Реномираниот Фестивал на документарен филм во Солун, кој ќе се одржи од 6 – 11 март, 2020 година во рамките  на своето 22 издание  го стартува  „Thessaloniki Pitching Forum 2020“.

Ова е нова ко-продуценска и ко-финансиска платформа  за креативни документарци, ТВ-документарци и документарци од областа на новите медиуми (VR, AR , и други), наменети за кино дистибуција, ТВ емитување, и презентирање кое ќе започне во рамките на фестивалот.

Учесниците ќе имаат можност да дискутираат за нивните проекти и да добијат повратни информации за нивната содржина во текот на дводневната работилница, организирана од страна на искусни интернационални ментори.

Во тие рамки е предвидена  еднодневна сесија со интернационални документаристи и средби со професионалци од бизнис индустријата кои ќе одговараат на проектите на учесниците.

Проектите ќе бидат презентирани на интернационалната панел дискусија за индустриските професионалци.

Фестивалот ќе надомести по 200 евра за секој селектиран проект за сместување или патни трошоци до Солун.

Крајниот рок за пријавување е :20 јануари 2020 година.

Наградите на „Thessaloniki Pitching Forum“ вклучуваат:

– Doc on Air Award во висина од 2.000 евра од Hellenic Broadcasting Corporation.

– MFI Script2Film Workshop Scholarship for the Doc Lab.

Повеќе детали на https://www.filmfestival.gr/en/professionals-b2b/agora-doc-market-en/26385-thessaloniki-pitching-forum