„МЕДЕНА ЗЕМЈА“ ВЛЕЗЕ ВО ПОТЕСНИОТ ИЗБОР ЗА НОМИНАЦИЈА ЗА ОСКАР ВО ДВЕ КАТЕГОРИИ-ЗА НАЈДОБАР ДОКУМЕНТАРЕЦ И ЗА НАЈДОБАР СТРАНСКИ ФИЛМ

Македонскиот документарен филм кој ги реди своите успеси на сите страни од светот е ставен на листата на Американската филмска академија,која  го објави потесниот избор на филмови во 9 категории. Од тој потесен избор на 13 јануари ќе се изберат по пет  кои ќе ја добијат номинацијата за Оскар.

Во категоријата најдобар документарец  „Медена земја“  успеа да влезе во кругот од 15 филмови од вкупно 159 пријавени. Покрај  филмот на нашите режисери Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, номинирани се и документарците „ Американска фабрика“, „Аполо„, „Адвокатка“, „Аполо 11’, „Акварела“, „Најголемата мала фарма“, „Работ на демократијата“, „Пештера“, „Големото хакирање“, „За Сама“, „Урни ја куќата“, „Девојка“, „Нација со по едно дете“, и „Полноќно семејство“.

Во категоријата најдобар странски филм во потесниот круг „Медена земја“  влезе со уште 9 филмови од вкупно 91 пријавени. Тоа се „Болка и слава“ од Шпанија, „Обоена птица“ од Чешка, „Паразит“ од Јужна Кореја, „Вистина и правда“ од Естонија, „Клетници“ од Франција, „Сучка“ од Русија, „Оние што останаа“ од Унгарија, „Корпус  Кристи“ од Полска и „Атлантикс“ од Сенегал.

„Медена земја“ е македонски кандидат за наградата „Оскар“ за најдобар странски филм.

Во категоријата за најдобар документарец влезе заради победата на фестивалот „Докавив“ во Тел Авив, Израел.

Ако добие официјална номинација за Оскар во двете категории-за најдобар документарц и за најдобар странски филм, „Медена земја’ ќе биде првиот македонски филм што успеал во тоа.

Оскарите се доделуваат во 25 категории.

Свеченото доделување на Оскарите ќе се одржи на 9 февруари во Холивуд.