АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ НА Р. СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПРИСУТНА НА MARCHÉ DU FILM СО Е-ПАВИЛИЈОН

Пандемијата со COVID 19 предизвика Филмскиот маркет на престижниот Кански филмски фестивал за прв пат да се одвива виртуелно.

Агенцијата за филм на Р.Северна Македонија и оваа година присуствува на големиот европски филмски настан, но овој пат прилагодени на ситуацијата, со е-павилјон.

На Филмскиот маркет на Канскиот филмски фестивал  кој стартува денеска, на 22 јуни и ќе трае до 26 јуни, Агенцијата за филм на Р.Северна Македонија ги презентира најновите филмови кои се во пост продукција или се завршени, најновите каталози во кои се претставени сите нови филмски проекти реализирани во 2019 и 2020 година  и филмови кои се во фаза на реализација, како и мерката за право на поврат на средства за снимање на странски продукции.

Во овие четири дена сите присутни на Филмскиот Маркет кои ќе го посетат е-павилијонот  се заинтересирани за потенцијални идни соработки и иницијативи ќе имаат можност  да остварат состаноци со претставници од Агенцијата.