ПРИФАТЕНИ ПРОЕКТИ ПО КОНКУРСОТ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ДОЛГОМЕТРАЖЕН, КРАТКОМЕТРАЖЕН ИГРАН, ДОКУМЕНТАРЕН И АНИМИРАН ФИЛМ ЗА 2020 – ПРВ РОК НА ОДЛУЧУВАЊЕ

Агенцијата за филм на Република Северна Македонија ги објавува резултатите од спроведениот Конкурс за финансирање на филмски проекти за производство на долгометражен, краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2020 година, прв рок на одлучување, објавен на 15.01.2020 година.

Конкурсот беше спроведен согласно Законот за филмска дејност и Правилникот за поблиски критериуми и мерила за оцена на критериумите за финансирање на филмски проекти од национален интерес во филмската дејност. На таа основа, како и земајќи ја предвид финансиската состојба на Агенцијата за филм, Управниот Одбор донесе Одлука за финансирање на следните проекти:

Листа на прифатени проекти