Со одлука на состанокот на Генералното собрание на Меѓународната алијанса за планински филм  (IAMF – International Alliance for Mountain Film) македонскиот ЕХО Фестивал за планински филм стана нејзин рамноправен член.

Во рамките на 68-то  Фестивалот за планински филм во Тренто (Италија) “Trentofilm festival”, членовите на собранието изгласаа позитивно прифаќање на нашиот фестивал,кој е сега во друштвото  со 26 институции од светот – најголеми имиња од светот на планинските фестивали, посветени на промоцијата, збогатувањето и конзервацијата на планинската кинематографија.

-На прифаќањето на нашиот фестивал за член во Меѓународната алијанса за планински филм, гледаме на чин на сериозно вреднување на нашата работа за нашата публика низ годините, со проекции на скоро 400 филмови, организација на повеќе од 50 презентации, издавање на книги и организација на разни други едукативни содржини на тема планини и обработка на широк спектар на теми кои го претставуваат соживотот на човекот со нив, истакнуваат од фестивалскиот тим.

Најновото издание на  Ехо – фестивалот на планински филм ќе се одржи од 5ти до 9ти октомври, а локацијата и програмата ќе биде објавена во наредниот период.

Ехо-фестивалот на планински филм е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Р.Северна Македонија.