Актерот Сашко Коцев е избран за најдобар актер на Фестивалот  Social World Film Festival , кој се одржува во Берлин Германија.

Наградата е во категоријата за најдобар интернационален краток филм , а Коцев ја доби за улогата во филмот „Налепница“.

Филмот на Георги М.Унковски се квалификува за влез во трката за престижниот Оскар по победата на Филмскиот фестивал „Ин д палас“ во Софија, Бугарија и на Филмскиот фестивал во Нешвил, САД.

По светската премиера на реномираниот „Санденс“ , во изминативе 10 месеци „Налепница“ играл во официјална конкуренција на 135 фестивали и освоил над 20-тина награди.

Филмот имал и дистрибуција на познатите „Топик“, „Канал+Шпанија“ и „Ејч-Би-О Европа“.

„Налепница“ е црна комедија во продукција на “Cinema Futura”.

Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Р.Северна Македонија и е дел о реформираниот филмски нов бран.