Отворен повик за пријава  EFP Producers on the move 2021!

 

Пан-европската мрежа European Film Promotion (Европска филмска промоција) објавува повик за претселекција на еден кандидат за учество во програмата Producers on the move 2021.

Програмата е дизајнирана како платформа  за поттикнување на европските филмски копродукции и за развој и афирмација на европските продуценти. Учесниците добиваат можност да го претстават својот проект, да земат учество во предавања, работилници, индивидуални состаноци со филмски експерти како и можност за промоција во печатените и електронските публикации на меѓународната индустрија.

Поради одложувањето на 74. Кански филмски фестивал (6-17 јули), програмата Producers on the move годинава ќе се одржи самостојно, во период од 17-21 мај. Од страна на ЕФП посочуваат дека дел од програмата ќе се одвива и за време на Канскиот филмски фестивал, за оние ученици кои ќе можат да патуваат во Кан во јули.

Програмата е наменета за 20 продуценти од 20 европски земји, кои задолжително мора да имаат учествувано барем во една меѓународна копродукција. Учесниците се номинираат од страна на земјата-членка. Нашата земја е членка на мрежата ЕФП од 2009 година.

За потребите на претселекција, кандидатите потребно е да ги достават следните материјали (на македонски и англиски јазик):

– мотивационо писмо;

– опис на филмскиот проект со кој кандидатот би се претставил на наведената платформа,  синопсис и изјава на режисерот;

– листа со проекти (тековни проекти во постпродукција или проекти во развој…)

– Финансиски план на проектот.

 

Пријавата можете да ја преземете на следниот LINK.

Филмовите мора да бидат со времетраење :

– до 70 минути за играни филмови

– до 60 минути за документарни филмови

– до 6 епизоди од 40 минути за играни серии

– до 15 минути за VR.

Краен рок за доставување на Пријавата е 10. март, 2021 г. (среда) на емаил: contact@filmagency.gov.mk