20/10/2013

      

„Духот на баба Илонка“, македонско-хрватско-австриска копродукција, во режија на Томислав Жаја ќе биде прикажан утре во кино Милениум. Филмот е сниман на локации во Скопје, Загреб и Виена.

„Духот на баба Илонка“ е музичка комедија, со елементи на фантазија, која ни го прикажува необичниот живот на едно ромскo семејство видено низ очите на десетгодишната Мануша. Главните улоги ги толкуваат Селма Ибраими и Марин Арман Грбин, а  улогата на баба Илонка ја игра македонската актерка Сабина Ајрула.

Филмот е во продукција на Гејзер и е поддржан од Филмскиот фонд на Македонија.