Режисер: Тони Коцев

Продуцент: Тони Коцев

Сценарист: Оливера Андоноска

Директор на фотографија: Тони Коцев


Синопсис:

Никола е актер, кој зад себе има повеќе падови отколку успеси, а сега се наоѓа пред голем предизвик – битна улога во монодрамата според „Психоза 4.48“. Се подготвува интензивно, сѐ е подредено на вежби за нејзина перфектна реализација, занемарувајќи сѐ друго.

Алек е успешен режисер и негов пријател, кој сака да му помогне на Никола не само да изгради успешна улога, туку и да надмине некои демони од минатото. Никола е комплетно фокусиран и решен да даде сѐ од себе, но Алек не е задоволен, затоа што, според него, актерот треба многу повеќе да чувствува отколку да мисли.  Токму таквите забелешки и неможноста да го постигне тоа што се бара од него го вовлекуваат во стапица и колку повеќе работи на улогата толку повеќе се заборава себеси и ја губи врската со реалноста.

Поминува денови и денови во бескрајни повторувања и вежбања, се исцрпува, доживувајќи целосна промена – и надворешна и внатрешна (претставата станува негов живот, ги користи репликите од неа во секојдневната комуникација, толку се соживува со улогата што не може да излезе од неа). Алек предлага пауза, Никола ја прифаќа со негодување и се упатува кон својот дом вознемирен. Ја здогледува Маја со друго момче и тргнува кон нив. Ги губи од вид и збеснува. Пред вратата на својот дом ја среќава Маја и почнуваат да се расправаат. Тој не ги слуша нејзините објаснувања дека не била во градот и дека не ја видел неа – сето тоа е само негова имагинација. Тој ја брка, таа панично излегува истурајќи чаша вино. Оди во тоалет да најде крпче за чистење и застанувајќи пред огледало добива идеја дека публиката е негово огледало и токму тоа соочување ќе го доведе до целта.

Собата ја реди со огледала и почнуваат исцрпувачки денови на вежбање. Времето одминува, тој целосно се губи и завршува во болница. Лекарот ја открива историјата на Никола – дека не му се случува тоа првпат. Никола не реагира на неговите зборови, туку продолжува со текстот. Успешно ја изведува претставата пред полна сала, задоволно се поклонува, но на крајот станува јасно дека сето тоа се одвивало во неговата глава.

MK | Пред продукција | Драма | Продукција New Light Production Ко-продукција MA Produckcija

www.newlight.mk

tkocev@yahoo.com