ВРАЌАЊЕ

Оригинален формат:  HD
Година на објавување:  2015
Времетраење:  81`

Режисер:  Кастриот Абдили
Продуцент:  Кастриот Абдили
Монтажа:  Благоја Неделковски, Кастриот Сакипи
Сценарио:  Кастриот Абдили, Иса Ќосја
Директор на Фотографија:  Владимир Самоиловски
Музика:  Мемли Келменди
Главни Улоги:   Делфин Депардје, Селман Локај, Хазир Хазири, Сафете Рогова, Линдона Шеху, Сефедин Нуредини …

СИНОПСИС:

Настанот е сместен во Македонија, во 2000 година, време каде се преплетуваат старото со новото, традиционалното со модерното, западното со балканското, патриархализмот со глобализмот. Илир, албанец кој мигрирал на запад, конкретно во Германија, се запознава таму и одлучува да се ожени со една германка Сабина. Поради олеснителни околности околу венчавањето одлучуваат овој акт да го извршат во Македонија каде воедно Илир ќе ја претстави Сабина на семејството. Чичко Суло, таткото на Илир, традиционален старец, се судира со она со што никогаш не сакаше да се судри: неговиот син единец, израснат во патриархален албански амбиент, по едно седумгодишно отсуство ги прифатил сите модерни правила на однесување кон една жена. Судирајќи се со татковата чувствителност од една страна и со традицијата од друга страна, Чичко Суло прифаќа Илир со Сабина да дојдат во неговата куќа но според албанска традиција: тие не смеат да спијат заедно во куќата на Чичко Суло , додека не се венчаат. Старицата, жената на Чичко Суло и мајка на Илир, сместена е помеѓу триаголникот: мажот кој воедно е и нејзин господар, синот единец Илир и Сабина која иако не е албанка сепак е одбрана за нејзиниот син. Враќањето на Илир по седум години му создава тешкотии не само на Чичко Суло, но и на Барда, една девојка од родното место на Илир, на која тој и има ветено дека ќе се ожени со неа пред да змине во Германија. Од друга страна, делото на Илир да се ожени со една германка, сите млади од селото го прифаќаат со восхит, затоа што сите мечтаат за некое такво женење, како излез од социјалниот проблем. Сабина, пак, која за прв пат доаѓа во Косово е обвиена со љубопитност како ќе биде пречекана од семејството на Илир.

 

ФЕСТИВАЛИ:

  • Светска премиера “Враќање” – “Oldenburg International Film Festival “ Септември 12 – 16, 2018 – Официјална компетиција
  • International Film Festival Mannheim-Heidelberg”  Ноември 15 – 25 2018
  • PriFest – 2018, Приштина
  • Calgary European Film Festival (Ноември 3-11, 2018), Официјална компетиција
  • International Film Festival Innsburg” 2019, Официјална компетиција
  • 17th Tirana International Film Festival”, 23 – 29t Септември 2019.
  • “Bulgarian feature film festival”.2019, Варна.
  • “14th Annual Macedonian Film Festival” Окромври 18, 19, 20, 2019
  • “Balkan Film Festival”  Подгорец, 2019 победник на “Best Balkan Spirit” награда
  • “18th Dhaka International Film Festival” 2020
  • “MittelmeerFilmtage 2020 Festival in Munich” 2020

ПРОДУЦЕНТСКИ КУЌИ:

Дарданиа Филм
Методија Митевски 13/5-2
1000 Скопје, Р.Македонија
dardania_film@hotmail.com

Шкупи Филм
24 Maji N; 117
10 000 Приштина, Косово
kabdyli@hotmail.com