„НАЛЕПНИЦА“ НАЈДОБАР КРАТОК ФИЛМ НА БРУКЛИН ФИЛМ ФЕСТИВАЛ

„Налепница“ во режија на Георги Унковски ја доби наградата за најдобар краток филм на Бруклин филм фестивал во Њујорк.

Филмот на Унковски ја имаше својата светска премиера на 39-то издание на најголемиот американски фестивал за независен филм „Санденс“, а доби и престижна награда во Словачка.

„Налепница“ е селектиран и ќе биде прикажан на „Palm Springs international Short film Festival 2020” кој ќе се одржи од 16 до 22 јуни.

„Налепница“ кој е во продукција на „Cinema Futura“ е црна комедија, во која главниот лик по неуспешниот обид да ја обнови својата сообраќајна дозвола, тргнува на пат и запаѓа во серија бирократски проблеми.

Главната улога во филмот ја толкува Сашко Коцев, а покрај него настапуваат и Мони Дамевски, Џевдет Јашари, Љупчо Тодоровски – Упа, Соња Стамболџиоска, Димитрија Доксевски, Калина Димитриовска, Анастасија Аневска и Матеј Настевски.

Кинематографер е Наум Доксевски, сценографијата е на Кирил Спасевски, костимите на Роза Трајческа, додека на маската и шминката на главниот лик работеле Снежана Ангеловска и Ирена Сенокозолиоска. Монтажата е на Мартин Иванов, а дизајнот на звук е на Сашко Потер Мицевски.

„Налепница“ е финасиски подржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.