ЧЛЕНСТВО ВО МЕЃУНАРОДНИ ОРГАНИЗАЦИИ

Целта на Еуроимаж е да се промовира европската филмска индустрија, преку поттикнување на производство и  дистрибуција на филмови и потикнување за копродукции помеѓу филмските професионалци. Фондот има јасна културна цел која е комплементарна на Медиа Програмата на Европската Унија. Еуроимаж има развиено четири финансирачки програми: подршка за ко-продукција, дистрибуција, киносали и подршка за дигитализација на проектите подржани од страна на Еуроимаж.
Фондот подржува долгометражни играни, анимирани и документарни филмови  (должина минимум 70минути).
Главниот услов за добивање на  подршка од страна на Еуроимаж е проектот да е ко-продукција најмалку помеѓу  две земји членки, но земјите кои не се членки исто така можат да аплицираат во ко-продукција.

Национален претставник во ЕУРИМАЖ е Татјана Ќурчинска Пепељугоска.

ПОВЕЌЕ

European Film Promotion е организација која работи за светска промоција и маркетинг на Европската кинематографија. Мрежата на European Film Promotion вклучува 31 организацја за национална промоција од 32 земји членки. European Film Promotion е основана во 1997 година за време на Берлинскиот Филмски Фестивал, била основана од десет, а денес брои 31 центар за промоција од 32 европски земји. Филмскиот Фонд на Република Северна Македонија станува членка во 2009 година.
Првичната и главна цел на оваа организација е вмрежување на европските организации на заеднички проекти и иницијативи за успешна промоција на европскиот филм и европскиот филмски талент. За да ја оствари оваа цел European Film Promotion веќе неколку години соработува со своите партнери: престижни светски филмски фестивали и филмски маркети како што се: Berlin, Toronto, Pusan, Karlovy Vary, Buenos Aires, Cannes (MIF) и Los Angeles (AFM), на осмислување на програми за подршка, промоција и маркетинг на европски филмови на тие филмски манифестации.

Цели на European Film Promotion:

* Подобрување на конкурентниот потенцијал на европските филмови на меѓународниот пазар

*   Да го олесни влезот на европските филмските професионалци на пазарот

*   Подршка за развој на нови пазари за европски филм

*   Да се зголемат можностите за дистрибуција на европскиот филм

*   Да се обезбеди знаење и искуство на членовите преку својата мрежа

Иницијативи и проекти

* Shooting Stars  на  Berlin International Film Festival

Shooting Stars On Tour  на избрани филмски фестивали ширум светот

Producers on the Move на Кански Филмски Фестивал

* Variety’s Ten Euro Directors To Watch  на Филмскиот Фестивал во КАрлови Вари

* Industry Screenings in the USA во Лос Ангелес и Њу Јорк

* Producers Lab Toronto на Меѓународниот Филмски Фестивал во Торонто

* Film Sales Support на неколку меѓународни не-европски филмски фестивали и проекти  (e.g. Sundance, Toronto, Guadalajara, Shanghai, Hong Kong International Film & TV Market (FILMART), Asian Film Market (Busan, Korea), American Film Market)

European Umbrella offices at selected international film markets (e.g. the Hong Kong International Film & TV Market (FILMART), American Film Market, Guadalajara Film Market at the Festival Internacional de Cine en Guadalajara)

Национален претставник во European Film Promotion е Анита Стојческа.

ПОВЕЌЕ

Европската аудиовизуелна опсерваторија има 37-земји членки и работи при Советот на Европа во Стразбур. Република Северна Македонија е членка од 2009година. Меѓу другото целта на Опсерваторијата е  проток  на информации и зголемување на конкурентноста на европските аудиовизуелни индустрии. Опсерваторијата  собира, обработува  и дистрибуира статистички и аналитички информации за аудиовизуелниот сектор (филмот, телевизијата, видео / DVD, нови аудиовизуелни медиумски сервиси и јавната политика на филмот и телевизијата)  во земјите-членки, како и  на работата на меѓународните организации. Информациите кои се дадени  од страна на Европската аудиовизуелна опсерваторија се наменети за професионалци кои работат во рамките на аудиовизуелниот сектор:  продуценти,   дистрибутери,  излагачи, радиодифузерите  и други медиуми даватели на услуги, меѓународни организации во оваа област, националните и европските пратеници, новинари, истражувачи, правници, инвеститори и консултанти (Овие информации се достапни во форма на: извештаи, статистички и финансиски анализи како и правни извештаи).

Национален претставник во Европска аудиовизуелна обсерваторија е Вероника Бучковска.

ПОВЕЌЕ

Целта на фондот SEE CINEMA NETWORK е да го поттикне развојот на соработката помеѓу филмските професионалци од 11те земји членки на мрежата   (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Македонија, Грција, Романија, Словенија, Турција, Србија, Црна Гора). Главната цел е промоција и развој на националните филмски индустрии и зајакнување на билатералната и мултилатералната соработка помеѓу членките на мрежата. Проектот е финансиран од грчкиот Филмски центар и националните филмски центри на земјите членки.

ПОВЕЌЕ

Filming Europe (EUFCN) е европска мрежа на филмски комисии која ја поддржува и промовира европската филмска индустрија и култура. Оваа мрежа е регистрирана во 2007 година и во неа членуваат 85 филмски комисии од 29 европски земји. Нејзини главни цели се да создаде мрежа на најактивни европски филмски комисии, да ја промовира размената на информации меѓу своите членки, да ја развива базата на локации и нови можности за снимање и да организира стручни и образовни активности за своите членови.

Покрај тоа, оваа организација ги промовира активностите на европските филмски комисии со јавните институции, Европската заедница и филмската индустрија, спроведува проекти финансирани од страна на Европската Унија, нуди поддршка за филмската индустрија, организира семинари и конференции, врши анализа на потребите на продуцентите на филмски и телевизиски проекти и се труди да ги задоволи истите.

ПОВЕЌЕ

Агенцијата станува придружен член на EFAD од 2019 година. Мрежата придонесува за актуелизација на европските политики и иницијативи, фокусирајќи се на промоцијата и дистрибуцијата на европските дела и предизвиците на европската филмска индустрија. Приклучувањето кон здружението овозможува размена на информации, споделување на искуства и зајакнување на нашите заеднички цели, преку таргетирање на клучни прашања посветени на филмот во дигиталното доба, авторските права & борбата против пиратеријата и филмското образование. Европските филмски агенции се залагаат за поголема достапност на европскиот филм на различни формати и платформи. Нивната мисија е да се овозможи на локалните култури и различните јазични заедници да бидат претставени на големото платно и моќните, културно експресивни филмови да допрат до поголема публика во корист на благосостојбата на целокупното европско општество.

ПОВЕЌЕ