Почитувани,
Ве информираме дека Банана филм и Милчо Манчевски во соработка со Агенцијата за филм донираат 70 (122-метарски) ролни 35мм филмски негатив, односно 35 ролни Kodak 5212 и 35 ролни Kodak 5260.
Право на учество и услови за конкурирање
Право на учество имаат сите филмски работници.
Пријавувањето се врши со достава на следниве материјали:
– Краток синопсис на филмскиот проект (макс. 1 страница)
– Биографија на режисер и сценарист и
– Статус на продукција
Добитниците ќе бидат избрани врз основа на потенцијалот на проектот.
Тестирањето на филмот, како и лабораториските трошоци (развивање, дигитализација) ќе бидат во организација и на сметка на филмскиот работник.
Документацијата за пријавување потребно е да се достави до Агенцијата за филм на Република Северна Македонија по електронски пат на
info@filmagency.gov.mk и на banana.film.dooel@gmail.com или на assistant@manchevski.com најдоцна до 28. јуни 2021 година до 15:00 часот.
Филмскиот работник се обврзува да достави дигитална копија од завршениот филм до Агенцијата за филм и до Банана филм најдоцна до 21. јуни 2022.