Отворен повик за пријава на проект за работилницата First Cut Lab Balkans!

 

First Cut Lab Balkans е водечка консултантска програма дизајнирана за 2 играни филма кои се во фаза на постпродукција  (1 долгометражен филм од С. Македонија и 1 од Косово). Програмата е изработена и подржана од Агенцијата за филм на С. Македонија во соработка со косовскиот Центар за кинематографија.

Програма се фокусира на монтажата на филмови кои се во фаза на постпродукција  и опфаќа проекција на филмот пред тројца избрани експерти од филмската индустрија  проследена со длабинска дискусија – целокупниот процес е внимателно осмислен со цел да одговори на потребите и барањата на избраните тимови  со цел да го истражат во целост уметничкиот потенцијал на нивните филмови како и да им помогне да го добијат филмот кој го посакуваат.

Рокови

Рок за пријава на проект: 1. јуни 2022

Програмата ќе се одвива онлајн, во периодот од 15. јуни – 31. август 2022 г.

Напомена: Проекти кои се потенцијално заинтересирани за соработка со First Cut Lab Balkans 2022, но не се во можност да обезбедат видео материјал до 1. јуни, 2022, (сеуште во фаза на продукција),  потребно е да го пополнат формуларот за аплицирање во рамките на овој рок. Доколку се квалификуваат, истите ќе бидат контактирани од страна на First Cut Lab Balkans 2022 со цел да се договорат посебни рокови за поднесување на видео материјалот.

 

ПРИЈАВА

Сите апликации мора да вклучуваат:

– целосно пополнет формулар за аплицирање и видео материјал не пократок од 30 минути.

Формуларот како и деталните насоки и информации за процесот на пријава на проекти можете да ги најдете на следниот линкhttps://firstcutlab.eu/project/first-cut-lab-balkans-2022/.

Апликациите потребно е да бидат испратени на: matthieu.darras@firstcutlab.eu and natalia.libet@firstcutlab.eu

 

ЗА ПРОГРАМАТА FIRST CUT LAB

First Cut Lab е водечка програма наменета за долгометражни играни филмови во фаза на монтажа. Програмата започна со своите активности во 2015 година во индустрискиот дел на копродукцискиот форум во Трст „When East Meets West (WEMW)“, а во моментот функционира како независна иницијатива управувана од Tatino Films.

Досега програмата има поддржано 51 долгометражен филм како дел од WEMW и Karlovy Vary Eastern Promises и како специјално дизајнирана програма со цел да одговори на барањата од различни национални филмски институти и регионални иницијативи. Поголемиот дел од филмовите поддржани од First Cut Lab се дебитантски остварувања и многу од нив доживеаја своја премиера на фестивали како Кан, Берлинале, Торонто, Карлови Вари и Сан Себастијан.