КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ДОЛГОМЕТРАЖЕН И КРАТКОМЕТРАЖЕН ИГРАН, ДОКУМЕНТАРЕН И АНИМИРАН ФИЛМ ЗА 2023 ГОДИНА

Врз основа на член 25 став (1) од Законот за филмската дејност („Сл. Весник на РМ“’ бр.82/13, 18/14, 44/14, 129/15, 152/15, 39/16, 11/18 и 275/19), со одлука на 31.01.2023, Агенцијата за филм на Република Северна Македонија објавува:

 

КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ДОЛГОМЕТРАЖЕН И КРАТКОМЕТРАЖЕН ИГРАН, ДОКУМЕНТАРЕН И АНИМИРАН ФИЛМ ЗА 2023 ГОДИНА

 

Повеќе информации се објавени во делот на Тековни Конкурси

КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС ВО ФИЛМСКАТА ДЕЈНОСТ – организирање на домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер за 2023 година

[fusion_builder_container hundred_percent=”no” equal_height_columns=”no” menu_anchor=”” hide_on_mobile=”small-visibility,medium-visibility,large-visibility” class=”” id=”” background_color=”” background_image=”” background_position=”center center” background_repeat=”no-repeat” fade=”no” background_parallax=”none” parallax_speed=”0.3″ video_mp4=”” video_webm=”” video_ogv=”” video_url=”” video_aspect_ratio=”16:9″ video_loop=”yes” video_mute=”yes” overlay_color=”” video_preview_image=”” border_size=”” border_color=”” border_style=”solid” padding_top=”” padding_bottom=”” padding_left=”” padding_right=””][fusion_builder_row][fusion_builder_column type=”1_1″ type=”1_1″ background_position=”left top” background_color=”” border_size=”” border_color=”” border_style=”solid” border_position=”all” spacing=”yes” background_image=”” background_repeat=”no-repeat” padding_top=”” padding_right=”” padding_bottom=”” padding_left=”” margin_top=”0px” margin_bottom=”0px” class=”” id=”” animation_type=”” animation_speed=”0.3″ animation_direction=”left” hide_on_mobile=”small-visibility,medium-visibility,large-visibility” center_content=”no” last=”true” min_height=”” hover_type=”none” link=”” first=”true”][fusion_text]

Врз основа на член  25 став 2 од Законот за  филмска дејност („Сл. весник на Република Северна Македонија’’ бр.82/13, 18/14, 44/14, 129/15, 152/15, 39/16, 11/18и 275/19), Агенцијата за филм  на Република Северна Македонија објавува:

 

КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС ВО ФИЛМСКАТА ДЕЈНОСТ – организирање на домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер за 2023 година

 

I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Конкурсот се распишува за финансирање на проекти од национален  интерес во филмската дејност за:

  • Организирање на домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер.

II. ПРАВО НА УЧЕСТВО И УСЛОВИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ

Право на учество имаат правни лица регистрирани во Централен регистар на Република Северна Македонија, непрофитни организации, здруженија на граѓани и фондации.

III. ПРИОРИТЕТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИТЕ

Агенцијата за филм на Република  Северна Македонија финансира проекти кои:

  • Македонската кинематографија ја ставаат во интернационален контекст;
  • Имаат европски, односно меѓународен карактер;
  • Го промовираат интеркултурниот дијалог и развој на граѓанското општество;
  • Се засновани на стручно и професионално знаење;
  • Имаат висок квалитет и профилираност на основната дејност;
  • Имаат занчителна посетеност;
  • Се одржуваат континуирано и со традиција;
  • Имаат едукативен аспект/квалитет на публикациите

IV. КРИТЕРИУМИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ПРОЕКТИ

Постапката за евалуација и одлучување на проектите, подетално е опишана во пријавата за учество на конкурсот објавен  на веб страната на Агенцијата за филм.

На конкурсот нема да бидат разгледувани пријави кои:

  • се доставени по истекот на  рокот за пријава на проекти по Конкурсот;
  • не се поднесени на пријава соодветна за овој Конкурс;
  • се непотполни и неуредно доставени

V. ВИСИНА НА УЧЕСТВО НА АГЕНЦИЈАТА ВО ФИНАНСИРАЊЕТО НА ПРОЕКТИТЕ

Агенцијата за филм може да учествува во финансирањето на поднесените проекти согласно финансиските можности, а најмногудо 70% од вкупниот буџет на проектот.

VI. НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВАТА

Корисниците се обврзуваат дека сите средства доделени од страна на Агенцијата ќе ги користат наменски, законски, рационално и економично согласно буџетот на проектот, од сметка за посебни намени т.н наменска сметка.

VII. НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА

Пријавувањето на проектите се врши со доставување на пополнета пријава која е составен дел од конкурсот. Пријавата треба да се преземе од веб-локацијата на Агенцијата за филм (www.filmagency.gov.mк) да се пополни на македонски јазик, електронски со впишување на податоци на означеното место и да  се верификува.

Пријавата и документацијата по конкурсот треба да се достават до Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, преку пошта на адреса: ул. „8 Март“бр.4 или до Архивата на Агенцијата за филм со назнака „Пријава на конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност’’.

Воедно пријавата и документацијата во прилог на пријавата воедно задолжително се доставуваат и во електронска форма на е-маил адресата: info@filmagency.gov.mk

Краен рок за достава на пријави по конкурс е 10.02.2023 година.

VIII. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОНКУРСОТ

Проектите прифатени  на конкурс ќе се објават и на веб страната на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

IX. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Дополнителни информации во врска со конкурсот може да се добијат во Секторот за филмска  дејност и меѓународна соработка на телефонскот број 02/3224-100 или на емаил:

info@filmagency.gov.mk

Пријава може да ја преземете во следниве формати:  PDF  и  DOC

[/fusion_text][/fusion_builder_column][/fusion_builder_row][/fusion_builder_container]

Одлука за прифаќање на проекти по Конкурс за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2022 година во втор рок на одлучување

ПРИФАТЕНИ ПРОЕКТИ ПО КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ДОЛГОМЕТРАЖЕН И КРАТКОМЕТРАЖЕН, ИГРАН, ДОКУМЕНТАРЕН И АНИМИРАН ФИЛМ ЗА 2022 ГОДИНА ВО ВТОР РОК НА ОДЛУЧУВАЊЕ

 

Врз основа на член 21 став (1) алинеја 2 и член 30 став (1) од Законот за филмската дејност („Службен весник на Република Македонија” бр. 82/13, 18/44, 44/14, 129/15, 152/15, 39/16, 58/16 и 11/18) и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 275/19 , Управниот одбор на Агенцијата за филм на седница одржана на 27.12.2022 година ја донесе следната:

ОДЛУКА

за прифаќање на проекти по Конкурс за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2022 година во втор рок на одлучување

ФИНАНСИРАНИ ФИЛМСКИ ПРОЕКТИ

PDF – линк за превземање на одлуката

BALKAN FILM FESTIVAL – Истражување на балканската кинематографија и култура преку активности и состаноци фокусираникон унапредување на италијанско-балканската и европската соработка

The Association Occhio Blu Anna Cenerini Bova Presents

 

Истражување на балканската кинематографија и култура преку активности и состаноци фокусирани кон унапредување на италијанско-балканската и европската соработка

 

Рим, Casa del Cinema

29. ноември – 4. декември 2022 година

Отворање на настанот со Јасмила Жбаниќ

Работилница за млади продуценти

„Прозорец на младоста“ со Дина Дума, Норика Сефа и Антонио Ромањоли

Почит на големиот Тео Ангелопулос

Разговор со Роланд Сејко

Фокус Босна и Херцеговина

 

Balkan Film Festival се враќа во Casa del Cinema во Рим од 29. ноември до 4. декември 2022 со тоа што ќе ја води публиката низ патување во областа на културата и филмската индустрија на Балканот. Преку проекции на нефинализирани филмови, со интервенции направени од страна на реномирани филмаџии и гости од балканските простори, настанот ќе допре до исклучително актуелни прашања од уметничката, политичката и економската област.

Откако ќе заврши овој настан, фестивалот организира средби помеѓу филмските комисии од Италија и локалните оператори од Балканот, со што се етаблира како настан од меѓународен интерес.

Оваа година жири комисијата е составена од влијателни филмаџии:

  • Македонскиот режисер и автор Милчо Манчевски, добитник на Златен лав во 1994 со филмот „Пред Дождот“
  • Италијанскиот режисер, актер и сценарист Мимо Калопестри
  • Илјет Аличка, албански писател и сценарист и поранешен амбасадор во Франција, Монако и Португалија;
  • Претседателот на АНАК Франческо Раниери Мартиноти.

За ова издание на Balkan Film Festival, посветено е внимание на темите како што се: улогата на жената во општеството и движечката сила зад италијанско-балканските копродукции со посебен фокус на младинските копродукции. Еден од аспектите што го прави овој настан уникатен е токму блиската синергија со Балканот.

Фестивалот се отвора на 29.ноември со дијалог помеѓу режисерката Јасмила Жбаниќ која има освоено Златна мечка на 56. издание на Берлинскиот филмски фестивал, Претседателот на АНАК, Франческо Раниери Мартиноти, а се затвора со проекција на првиот филм во конкуренција –As far as I can walk на српскиот режисер Стефан Арсенијевиќ кој раскажува за патувањето на една жена и група сириски мигранти низ Балканот.

Жбаниќ важи за една од најинтересните личности од балканската кинематографија, а нејзиното ремек дело Quo vadis, Aida?“ е номинирано за Оскар во 2021 година за најдобар меѓународен филм. Овој фил е избран да го отвори Фестивалот поради важните теми кои се застапени во самиот филм. Приказната за Mother Courage, Quo vadis, Aida? всушност, поттикнува дијалог за балканската историја и нивните темни страни со истакнување на силната женска фигура која го брани своето семејство. Ова се аспекти кои ќе бидат точки во фокус на дебатата.

Состојбата на жените во филмот постојано била во главните теми на интерес на Фестивалот, затоа на вториот ден ќе се одвива дебата токму на оваа тема помеѓу Калтрина Красниќи со нејзиниот филм „Вера сонува за морето“, Франческо Костабиле со филмот „Женка“ заедно со Мимо Калопрести. Заедно ќе дебатираат на оваа тема давајќи глас на две недалечни една од друга реалност и нагласувајќи ја италијанско-балканската паралела низ универзалните проблеми на женската фигура.

На третиот ден од фестивалот, големо внимание се посветува и на младите балканско-италијански продуценти, со тоа што се одржуваат работилници, панел дискусии и проекции на дел од филмовите во официјалната селекција. На овој начин, фестивалот има намера да го зајакне развојот на мрежата на младите филмаџии со цел да се поттикнат процесите на европската интеграција и копродукции.

Со цел да се нагласи оваа желба за европска интеграција и соработка, поканети се истакнати гости од филмските комисии на повеќе италијански региони, а ќе информираат за нивните иницијативи за поддршка на филмовите на нивните територии (отворање на можности за копродукции со балканските земји), конкретно за младите режисери: Дина Дума, Антонио Ромањоли и Норика Сефа. На работилницата гости се Грегор Божич кој ќе зборува за своето искуство во снимањето филмови преку механизмите за меѓународно финансирање и копродукција, како и младиот албански продуцент Јонид Јорѓи кој ќе ја расветли дилемата за конкретните пречки кои се јавуваат за копродукциите.

Благодарение на придонесот на овие режисери, денот има за цел да се осврне на многу актуелни и релевантни прашања како што се: slut-shaming, првите сексуални искуства и психичкото насилство:

 

  • Македонската режисерка Дина Дума ќе го претстави нејзиниот драматичен филм „Сестри“ (во конкуренција) каде таа точно се справува со темата slut-shaming во ерата на социјалните медиуми
  • Косовската режисерка Норика Сефа, е дебитант на Balkan Film Festival и ќе се претстави со нејзиниот филм „Барајќи ја Венера“, филмот кој е награден како дебитант на Rotterdam Film Festival каде раскажува за првото сексуално искуство на млада девојка која е водена од неиздржлива љубопитност
  • Антонио Ромањоли го презентира „Прашина“, еден од неговите филмови од 2021, каде опишува епизода на психичко насилство.

Четвртиот ден е посветен на проекции на три филма во конкуренција: The Albanian Virgin на албанскиот режисер Бујар Алимани, Darkling на српскиот режисер Душан Милиќ, и  The City and the city на грчките режисери Христос Пасалис и Силас Цумеркас, филмови кои повторно се вртат околу клучните теми на Фестивалот.

Во сабота, на 3. декември, фестивалот ќе има проекција на филмот Bad Luck Banging or Loony Porn на романскиот режисер Раду Јуде и продолжува со оддавање на почит на големиот грчки режисер Тео Ангелопулос, десет години по неговата смрт со прикажување на The gaze of Ulysses, каде посебен говор ќе одржи Амедо Пагани, експерт и пријател на грчкиот режисер. Ќе бидат прикажани и филмот на Роланд Сејко„The Image Machine of Alfredo C“ и „Murina“ на хрватската режисерка Антоанета Аламат Кусијановиќ.

На 4. декември, Balkan Film Festival се затвора со последните два филма во конкуренција Women Do Cry“ на бугарските режисери Весела Казакова и Мина Милева, и „Not so Friendly Neighborhood Affair“ од оскаровецот Данис Тановиќ. Понатаму, во фокусот е и на Босна и Херцеговина каде што воените времиња и потрагата по тежок соживот ќе бидат раскажани преку дебата меѓу Мимо Калопестри, Барбара Чуписти и Азра Нухефендиќ. Веднаш потоа ќе се прикаже филмот „Хотел Сараево“ на самата Барбара Чуписти.

 

АГЕНЦИЈА ЗА ФИЛМ: ЕВРОПСКАТА ФИЛМСКА АКАДЕМИЈА ГИ ОТКРИВА ТРИТЕ ФИЛМОВИ КОИ СЕ ВО ТРКА ЗА НАЈДОБАР ЕВРОПСКИ ФИЛМ ЗА МЛАДА ПУБЛИКА 2022

АГЕНЦИЈА ЗА ФИЛМ: ЕВРОПСКАТА ФИЛМСКА АКАДЕМИЈА ГИ ОТКРИВА ТРИТЕ ФИЛМОВИ КОИ СЕ ВО ТРКА ЗА НАЈДОБАР ЕВРОПСКИ ФИЛМ ЗА МЛАДА ПУБЛИКА 2022

 

Три филмови од кои два долгометражни и еден документарен се селектирани од страна на филмските експерти и тинејџери од цела Европа кои ќе бидат во трка за Наградата за најдобар Европски филм за млада публика за 2022. Наградата е посветена на европските филмови за публика помеѓу 12 и 14 години и претставува официјална категорија уште од 2012 година.

 

Она што е карактеристично за оваа селекција е што победниците се бираат од млади луѓе како жири и тоа од 42 европски земји кои ќе гледаат три филма он-лајн, но и во повеќе од 60 киносали во преку 70 европски градови.

Mладите од нашата земја по петти пат ќе бидат дел од пан-европскиот настан „Филмски ден на млада публика“ кој на 13 ноември (недела) истовремено ќе се случува низ европските градови. Настанот е предвиден да се одржи во Кинотеката на Македонија и да опфати млади на возраст од 12-14 години.

Наградата е официјалнакатегорија во рамки на Европските филмски награди огранизирани од страна на Европската Филмска Академија и ЕФА Продакшнс.

Гласовите од Скопје ќе бидат соопштени преку видео клип во којшто ќе земат учество сите учесници со фокус на два учесници од нашето жири во улога на презентери. Настанот во Скопје е во организација на Европската филмска академија и Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

Во официјална конкуренција се филмовите: францускиот “Животно”, режирано од Сирил Дион, шведскиот “Кралица на комедијата” на Сана Ленкен и германскиот “Соништата се како диви тигри” на Ларс Монтаг. Големото финале ќе биде на прославата на Европските филмски награди на 10 декември во Рејкјавик.

Идејата е преку активно учество на младите луѓе не само што го запознаваат високо квалитетниот европски филм, преку кој спознаваат различни култури и се разгледуваат важни општествени прашања, но исто така им овозможува на младите да придонесат кон позитивна промена преку демократско гласање како членови на европското семејство.

Спонзори на настанот се:

ЧЕТИРИ ДОЛГОМЕТРАЖНИ И ТРИ КРАТКОМЕТРАЖНИ ФИЛМОВИ ЌЕ СЕ ПРИКАЖАТ ЗА ВРЕМЕ НА ДЕНОВИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА ВО ПРАГА

ЧЕТИРИ ДОЛГОМЕТРАЖНИ И ТРИ КРАТКОМЕТРАЖНИ ФИЛМОВИ ЌЕ СЕ ПРИКАЖАТ ЗА ВРЕМЕ НА ДЕНОВИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА ВО ПРАГА

Почнувајќи од денес, во наредните три денови (07-09 септември) ќе се одржат бројни активности од културен карактер во рамките на  манифестацијата „Денови на македонскa култура“ во Прага, Република Чешка.

Настаните се организирани во чест на празнувањето на македонскиот Ден на независноста (8-ми септември) како и претседателствувањето на Република Чешка со Европската Унија во втората половина од 2022 година.

Република Северна Македонија и Република Чешка негуваат одлични односи на полето на надворешната политика, но  и интензивна и плодна соработка во областа на културата, која досега резултираше со голем број на иницијативи и  културни активности. Меѓу другото, во 2009 година беше потпишана и Програма за соработка меѓу двете земји, која овозможи континуирана промоција на културата на Република Северна Македонија и Република Чешка.

Министерството за култура на Република Северна Mакедонија во соработка со неколку институции од областа на културата, меѓу кои и Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, подготви интересна програма која ќе ги претстави младите и познати автори од нашата земја на чешката и европска културна јавност.

Во рамки на тридневните активности, а во организација на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, во киносалата Edison Filmhub ќе се одржи ревија на македонски филмови од најновата филмска продукција и тоа четири долгометражни филмови:

„Хомо“ во режија на Игор Иванов

„Господ постои, името ѝ е Петрунија„ во режија на Теона С. Митевска

„Врба“ во режија на Милчо Манчевски

„Сестри„ во режија на Дина Дума

 

и три краткометражни филмови:

„Налепница“ во режија на Георги Унковски

„Змија“ во режија на Андреј И. Волкашин

„Северниот пол“ во режија на Марија Апчевска

 

„Деновите на македонска култура“ се отвораат на 07-ми септември со проекција на краткометражните филмови по што ќе биде прикажан и долгометражниот филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ во режија на Теона С. Митевска.

Денот на независноста на Република Северна Македонија, 8-ми септември, ќе биде одбележан со концерт на битолскиот камерен оркестар, кој постои неколку децении. Во рамки на програмата на концертот ќе се изведува македонска изворна и популарна музика меѓу кои и најпознатите македонски изворни песни како „Јовано, Јованке“ и „Македонско девојче“, со солистите Влатко Стефановски и Тамара Тодевска. По концертот на камерниот оркестар и солистите следуваат проекции на македонските филмови „Сестри“ во режија на Дина Дума и „Врба“ на Милчо Манчевски.

На 9-ти септември во престижниот театар „ Divadlo Apollo“ ќе биде прикажана претставата „Антитело“ (Antibody), авторско дело на студенти од Факултетот за драмски уметности – Скопје под менторство на д-р. Зоја Бузалковска. Програмата продолжува во киносалата Edison Filmhub,  со проекции на македонски краткометражни филмови и на долгометражниот филм „Хомо“ во режија на Игор Иванов.

На настанот „Денови на македонска култура“ во Прага, Р.Чешка, предвидено е да присуствуваат Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, претставници од Секретаријатот за европски прашања како и претставници од Агенцијата за филм.

КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ДОЛГОМЕТРАЖЕН И КРАТКОМЕТРАЖЕН ИГРАН, ДОКУМЕНТАРЕН И АНИМИРАН ФИЛМ ЗА 2022 ГОДИНА (ПРВ РОК НА ОДЛУЧУВАЊЕ)

ПРИФАТЕНИ ПРОЕКТИ ПО КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ДОЛГОМЕТРАЖЕН И КРАТКОМЕТРАЖЕН ИГРАН, ДОКУМЕНТАРЕН И АНИМИРАН ФИЛМ ЗА 2022 ГОДИНА ВО  ПРВ РОК НА ОДЛУЧУВАЊЕ

 

Врз основа на член 21 став (1) алинеја 2 и член 30 став (1) од Законот за филмската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 82/13, 18/14, 44/14, 129/15, 152/15, 39/16, 11/18 и “Службен весник на Република Северна Македонија”бр/ 275/19), Управниот одбор на Агенцијата за филм на седница одржана на 04.08.2022 година ја донесе следната

ОДЛУКА

одлука за прифаќање на проекти по Конкурс за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм во прв рок на одлучување и тоа:

ФИНАНСИРАНИ ФИЛМСКИ ПРОЕКТИ

PDF – линк за превземање на одлуката

Известување

Почитувани,

Ве известуваме дека врз основа на член 25 став (1) од Законот за филмската дејност („Сл. Весник
на РМ“бр.82/13, 18/14, 44/14, 129/15, 152/15, 39/16, 11/18 и 275/19), Агенцијата за филм на
Република Северна Македонија објавува КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ЗА
ПРОИЗВОДСТВО НА ДОЛГОМЕТРАЖЕН И КРАТКОМЕТРАЖЕН ИГРАН, ДОКУМЕНТАРЕН И
АНИМИРАН ФИЛМ.

Конкурсот е отворен во текот на целата година со два рока на пријавување: во Mарт и Aвгуст.

Од страна на Управниот одбор на 19.07.2022 година е донесен заклучок согласно кој што се врши
измена на датумот за пријавување во вториот рок односно датумот наведен во пријавата како
краен рок за пријавување до 15.08.2022 година се менува во „до 31.08.2022 година“.

Со почит,
Агенција за филм на Република Северна Македонија

ПОВИК ЗА SEE CINEMA NETWORK 2022

ПОВИК ЗА SEE CINEMA NETWORK 2022

Отворен е конкурсот на SEE CINEMA NETWORK 2022 за финансирање на развој на долгометражен филм реализиран како копродукција.

Подетални информации поврзани со правилата и начинот за пријавување можете да најдете на следните линкови:

Rules and regulations for Development of feature films co-productions doc

Application for Development of feature films co-productions – doc

Пријавите за SEE CINEMA NETWORK 2022 треба да бидат доставени електронски на contact@filmagency.gov.mk најдоцна до 26. септември 2022 година.

Откако ќе бидат доставени проектите за учество на конкурсот од страна на Комисијата на Агенцијата за филм на Р.Северна Македонија ќе бидат одбрани проекти кои влегуваат во потесен избор на конкурсот. Финалната евалуација на самите развојни проекти, како и конечниот избор на проектите кои ќе бидат финасирани го прави Генералното собрание на претставниците на SEE CINEMA NETWORK во рамките на Thessaloniki International Film Festival, кој се планира да се одржи во ноември 2022 година.

Отворен повик за пријава на проект за работилницата First Cut Lab Balkans!

Отворен повик за пријава на проект за работилницата First Cut Lab Balkans!

 

First Cut Lab Balkans е водечка консултантска програма дизајнирана за 2 играни филма кои се во фаза на постпродукција  (1 долгометражен филм од С. Македонија и 1 од Косово). Програмата е изработена и подржана од Агенцијата за филм на С. Македонија во соработка со косовскиот Центар за кинематографија.

Програма се фокусира на монтажата на филмови кои се во фаза на постпродукција  и опфаќа проекција на филмот пред тројца избрани експерти од филмската индустрија  проследена со длабинска дискусија – целокупниот процес е внимателно осмислен со цел да одговори на потребите и барањата на избраните тимови  со цел да го истражат во целост уметничкиот потенцијал на нивните филмови како и да им помогне да го добијат филмот кој го посакуваат.

Рокови

Рок за пријава на проект: 1. јуни 2022

Програмата ќе се одвива онлајн, во периодот од 15. јуни – 31. август 2022 г.

Напомена: Проекти кои се потенцијално заинтересирани за соработка со First Cut Lab Balkans 2022, но не се во можност да обезбедат видео материјал до 1. јуни, 2022, (сеуште во фаза на продукција),  потребно е да го пополнат формуларот за аплицирање во рамките на овој рок. Доколку се квалификуваат, истите ќе бидат контактирани од страна на First Cut Lab Balkans 2022 со цел да се договорат посебни рокови за поднесување на видео материјалот.

 

ПРИЈАВА

Сите апликации мора да вклучуваат:

– целосно пополнет формулар за аплицирање и видео материјал не пократок од 30 минути.

Формуларот како и деталните насоки и информации за процесот на пријава на проекти можете да ги најдете на следниот линкhttps://firstcutlab.eu/project/first-cut-lab-balkans-2022/.

Апликациите потребно е да бидат испратени на: matthieu.darras@firstcutlab.eu and natalia.libet@firstcutlab.eu

 

ЗА ПРОГРАМАТА FIRST CUT LAB

First Cut Lab е водечка програма наменета за долгометражни играни филмови во фаза на монтажа. Програмата започна со своите активности во 2015 година во индустрискиот дел на копродукцискиот форум во Трст „When East Meets West (WEMW)“, а во моментот функционира како независна иницијатива управувана од Tatino Films.

Досега програмата има поддржано 51 долгометражен филм како дел од WEMW и Karlovy Vary Eastern Promises и како специјално дизајнирана програма со цел да одговори на барањата од различни национални филмски институти и регионални иницијативи. Поголемиот дел од филмовите поддржани од First Cut Lab се дебитантски остварувања и многу од нив доживеаја своја премиера на фестивали како Кан, Берлинале, Торонто, Карлови Вари и Сан Себастијан.